Како да знам дали бебе сака повеќе каша? Почнавме вкусови, вчера 1 лажичка, денес 3-4.. Зинува кога му давам со лажичката, мљацка и поголем дел исплукува правејќи чудна фацка..пак враќам, дел ќе голтне, дел не.. Како да знам дали сака 5-10 лажички пример утре? Или како да знам дека веќе не сака? Ново ми е се ова, ептен ми е непознато
Дали е океј за прв пат пробување просо да дадам кд ова на Холе или подобро е да сварам зрна па да блендирам?
Јас така воведов, во новогодишно пакетче ми го имаа ставено, па ајде. Многу лесно се прави и бебе го сака, и не знам воопшто дали да земам во зрно, потешко ми е за варење. Ориз ваков инстант не ме бендиса, ептен ко вештачки ми се виде, ама ова поубаво ми изгледа. Само дозата според кутија е за 120мл каша, јас правам на пола 60мл и му додавам овошје.
Реков за овие две ќе сум полабава.Еве денес жолчка им воведов,ама пола на едното,пола на другото си ги слапаа. Ако е се во ред,наредно по цела жолчка ќе им дадам. Ваљда нема да е некој проблем?