Тестенини без јајце ќе си бараш,има и тарана(стокомак) и макарони има беџ јајце. Ако мислиш на павлака, јогурт,кисело млеко,стојат и по 5-6 дена од отварање,секако ќе пробаш пред да му дадеш. Ако два пати неделно даваш жолчка,не гледам зошто не би дала нешто друго ново во деновите кога не даваш жолчка.
И јас ке правам домашни само да почнеме со оброк вака за две три лажички неможам да го изблендирам убаво, а и домашен би бил ручекот за овошје немам кај да му најдам сега, сливи и праски само имам замрзнато. Јас од локален маркет во Бт ги земав тогаш, сега гледам ги нема. Можи во Дм ги има..
Нутрино ги видов во Веро, ама повеќето беа за поголеми бебиња според намирниците, пченица, бисквити и слично, не видов чисти од зеленчук и овошје како од хип и холе. Јас денес воведувам уште маслиново и веќе втор оброк зошто многу каснам некако, бебе е 7ипол месеци. Многу бавно ми одат воведувањето намирници ако за се' треба 3 дена, поготово сега кога зеленчук би давала за ручек, како можам да воведам нов? Да го давам порано, измеѓу некаде меѓу оброци, оти нели до 12 најкасно треба? Со тоа што сега доручек би давала порано, ич не ми се дава зеленчукова за доручек, ајмо брокула уште во 8 Од месо воведов пилешко и телешко, сега мисиркино од сабајле треба да го воведам? Веќе и со млечно треба да почнам, сегде читам грчки со полна масленост, педијатар ми вели со мала масленост. Глутен од кога треба? И житарките по 3 дена ги воведував, читав некаде дека по 1 ден може?
Јас не се водам по толку строги правила. Имаме појадок, ручек и вечера. Ако воведувам ново овошје воведувам со појадокот, нов зеленчук со ручекот. Мала количина ставам од новата намирница, исто како да каснал 2 лажички самостојно од намирницата. Уште од старт воведував по 2 дена а не по 3.
Ќе правам и јас така, зошто инаку кај ми е крајот Кога ќе видам на Инстаграм по странство ко ќе му дават се' од 6 месеци, ми иди и мене така да почнам, од друга страна ако јави реакција Е ама ич го неќам процесов, сите педијатри различно кажуваат.
Кога го давате доручекот? После прва дремка или одма кога ќе стане? Зошто некогаш син ми спие до 7 и пол а некогаш како денес до 8 и пол и после првата дремка не е некако веќе касно за доручек? Ако спие 1 час тоа доаѓа кај 11 и пол доручек
Баш на solid starts гледам, прв оброк на бебе со цела жолчка. И по препораки од страна сега алергените што порано тоа подобро да се дадат. Ама мене ми фуфка па си следам препораки од тука.
Зависи кога ќе стане. Ако стане во 7 пие млеко, дремнува и околу 9:30 јаде. Ама некогаш станува покасно, ретко, ама се случува, ете некна после 8. И доручкуваше во 11:30. Ама затоа па и ручек покасно му дадов.
Станува околу 6 преку недела, заспива во 8 и ќе стане во 8.30, чекам да се расони убаво па во 9 доручек, искрено не гледам дискретно на саат..
Зависи, некогаш сака да цица одма после јадење некогаш не, на пример по 1 сат, кога треба да заспие ќе цица и заспива.
Станува периодот од 7ипол до 9ипол зависи, и прво ја дојам па почекувам саат отприлика до саат ипол за да огладне убаво и си појадува.
Јас од дм био користам. Тоа може да содржи траги од … го имам сретнато на многу производи. Го пишуваат за да се заштитат на некој начин, пример каде што го пакуваат просото пакуваат и други житарки што содржат глутен па може некое зрно да забега и во просото. Така имам читано.