Кога намаливте со млеко? на мое молзено е 10 месеци сме. Распоредот ни е ваков: 7:млеко, 9:00 доручек, 11:30/12 млеко, 14:00/14:30 ручек, 17:30/18 вечера, 20:00/20:30 млеко. Последниве два дена млекото на сред ден му го заменив со ужинка, не знам до кога се тера вака? Исто сакав да ве прашам како им давате да пијат вода? Уште немам купено некои специјални чашки, ми давам од чавче за ракија… Исто така, кога почнавте да им давате свежи овошја?
Ние сме со сличен распоред. Последно цицање 6 7 во 9 доручек кај 11 некаде цица и дремка, кај 1 2 ручек, 3 4 цица и дремка, 6 вечера и кај 8 9 цица и заспива. Не заспива цицајќи секогаш ама без цицање не можам да го заспам.. Вода уште од шише пие моето а имам и со клунче ама у таа давам јогурт и сок од варено овошје. Свежо овошје од 7 8 месеци можеби банана,јаболка. Од скоро проба кива и портолал.
Исто, 11 месеци сме долна 2 чекам да пробие. Сите работи што ги сакаше сега ги одбива, парчиња исто а убаво си јадеше па пржено лебче со јајце мерак ми беше кога го гледав. Сега одбива скоро се полека се враќаме на каши и тегли, ми е жал гладен да го оставам.
Дали е алергија црвенило во вид на мали флеки околу едното окце и накај ушето? Исто ми се вцрвени и од јаболче и од круша неколку лажички, за 5 мин се изгуби Алергија е или од што се напнува?
На син ми така му се правеше. Околу и меѓу очите, баш како флеки. Накај ушите не приметив. Брзо ги снемуваше. После приметив дека и кога пие млеко некогаш му се прават. Многу кратко и ги снемува.
Мајки денес немав време да спремам ручек и пробав да му дадам зеленчукови готови каши. Не знам зошто ниедна не ја сакаше. Приметив беа бајаги погусти од тие што јас му ги правам и се гадеше и ги плукаше. Претходно ми ги јадел. Три отворив различни.. Од очај дека има плус запек му дадов шмукалче со спанаќ, јаболко и круша. Го изеде цело. Смеам ли некогаш во вакви ситуации да давам за ручек овошје? Сабајлето јадеше јаболко слива каша. Вчера му дадов и бекутан чај. Пробувам и повеќе вода ама не пие во големи количини, само малце сака. Мајка ми денес ми даде замрзнати непрскани сливи што ги собирала летоска. Дали да му направам од нив компот или е подобро како каша да ми ги дадам за запеков?
Јас денес и сварив сливи во водичка, направив кашичка, несакаше кашичка па и ја дадов водичката ја испи. И какаше. ^^
И мојов ги нејќе готовите. Дека јас не му блендирам, а готовите мазни се, шанса нема да изеде повеќе од пола тегла. Сега бевме на зимовање, 5 дена плукаше готови каши, а од нашиот ориз и пире во кафана си замези. Плус мене ружни ми се тоа готовите каши, сигурно и на нив не им се убави. Пробај со круша за запекот, кај мојов повеќе помагаше од слива, и овесни ако имаш житарици воведено помагаат.
Тие над 8 и над 12 месеца се со парчиња внатре и погусти се, како пире. Чисто ако ти треба во иднина.
Ги гледав ама ми немаше соодветни на Хип, се со риба, патлиџан и сл беа, а уште немам воведено тоа. За понатака ќе ги пробаме и тие. Овие со телешко, мисиркино баш блендирани, ко сокче кога ќе ги стоплиш, се чуди бебе, само млеко течно пиело, храна никогаш .
Јас ставам врела храна во нутрибулетот,досега се нема расипано,немам посебен блендер за храна на бебе,си терам со нутрибулетот.