Јас кромид планирам деновиве да дадам само незнам во што да комбинирам .. па ќе видиме што ќе биде.. Оф оф оф .. ова кај прди па и грчеви има плаче крчи меше .. Од три цветови кај нас ноќта едвај заспавме .. се растури плачејќи а пред некој ден од пола цвет исто само не до толку како со повеќе количински кога беше .. Ќе пробам и јас варена брокула па ќе видам што ќе биде ...
Јас мислам да не даваш ич брокула ако има до толку мака, не дека којзнае шо има во неа па мора да јади. Јас брокула прв пат пробав на 20години
Толку сакам брокула ама моево дете има нагони за повраќање од неа. Отвора уста а после му се гади. Срце. Понатака во некој микс може да пробаме. Сега за сега пробува/јаде друго, зависи кога како. Од овие основниве работи проба ороз и палента, јаболко, круша, тиква, морков, авокадо, банана, батат, слива и каксија. Од 6 нели можат повеќе зеленчуци како праз, целер, спанаќ и месо телешко и пилешко. Сакам повеќе на зеленчук да се навикнуваме, па што би препорачале од тоа што може?
Компирче, морков, кромид, лукче и пиперка, ова можеш и за вечера да го дадеш. За вечера палента со грчки јогурт/ јогурт/ павлака
Пошто ние почнавме со зеленчук пред месец и пол, давам морков, компир, брокула, карфиол, тиквица, тиква, сладок компир, спанаќ, кромид. Можам ми рекоа и блитва, пашканат. Исто полнав во комбинација да давам ориз, пченка, просо, хељда, односно безглутенски житарки. Денес нарачав и палента, па и со тоа ќе почнам од утре.
Majki planiram da dadam mlecni proizvodi kako obrok primer pavlaka jogurt kakvi koristevte za pocetok obicni kako za nas vozrasnite ili?
Да, полномасни само гледај да се, не low fat. Јас почнав со грчки јогурт на Кораб Трница и на имлек, јогурт Бучен козјак, урда…
Од кога почнувате да пропржувате манџички? Јас сѐ уште сѐ му варам. Пропржување не мислам на запршка, туку со маслиново и така да продолжам да ја правам манџата
Ги набавуваш ли зеленчукот од некаде специјално или купуваш од маркет? Знам дрка тиквица не и е сезона, мислам дека и карфиол и брокула, а од близок знам дека тоа што е во пластеник одгледувано мнг се прска со хемикалии. Па не знам од каде да набавувам. Ова коренестиве ваљда се ок.
Имам мрзнато порано за нас за супи. Насецкан на коцки и само земав колку ми треба. Сосема ок си беше.
Да, земам ќеса за замрзнување од оние што се со лепенка, правам мешавина целер, пашканат, морков и кромид убаво замрзнувам и вадам за секое јадење. Преолеснително ми е
Од тука нарачувам: https://www.instagram.com/sezersorganic?igsh=N3Nhbm01Z2k5b3Bp. Знам и за варам и мешам со кашички од Baby Bio или Holle, ако е составот добар. Нешто мора и од маркет... немаме избор баш..
Мајки на кои бебчето ви е на адаптирано? Откако ќе јаде после колку време му давате млеко? Ако изеде малце исто после колку време му давате млеко? Моево бебе не плаче одамна за млеко и не знам кога да му дадам.