Истата дилема ја имам откако почнавме со цврста храна. И моево дете одамна не плаче за јадење, а кога и да му дадам, што и да му дадам, било млеко или оброк каша, се маф прави.
Леле баш убаво така што јаде, јас почнувам со доручек,ужина,ручек па птед дневна дремка млеко. Околу 1 час после јадење,ако јадел помалку 210 ако јадел таман 180.
Го следам. Баш ке порачам. Мора нешто купечко да. Дури и може подобро е тоа органско од нешто свежо од маркет, а полиено со пестициди.
Малце смотани прашања Ќе користам обичен ориз.. Дали просото и оризот ги варите во тенџерчето со останатите ствари, после се директ заедно во блендер? И дали посебно ги блендирате пример јаболко круша па рачно ги мешате со готовата палента? Или палентата готова, сварени овошки и се заедно се блендира?
@angel4444 Јас одвоено го спремам. На пример зготвена палента со сварено овошје испасирано. Блендирав неколку патиМ ама гледам дека прифаќа и пасирано, па пасирам и мешам со палента разварена. Да ми е помека да нема зрнца. Немаме пробано просо сеуште, може него ке треба да го блендирам. Едит: ако блендираш мислам дека нема зошто да не ставиш се наеднаш во блендер.
Просото го варам посебно, а блендирам се заедно. Ориз користам инстант. Овошјето посебно, па го мешам со палентата.
Како правилно се воведуваат оброци, што се комбинира за доручек, ручек, вечера? Дали добро сфатив, наутро житарки+овошје, ручек месо и зеленчук, вечера млечно? И која количина се смета за оброк, 120 мл.? Кога почнуваат да јадат повеќе од оваа количина? Гледам разни големини на кашички има.
Јас во последно се заедно варам, ориз, кромидче, тиквичка, брокула.. и само следам со вилушката кое меко тоа вадам па кога се ќе се свари блендирам, ориз користам од дм, не е инстант.
Јас имам замрзнато бејби морков, батат, тиквичка (за 1недела), тиква, карфиол, брокула ...и овошје домашно праска, слива, круша. За овие стварно не сум зимала и незнам .. а по колку крукчиња/коцки ставате во кашичка и со што комбинирате?
Вака му е распоред: 6 30 млеко 9 доручек 12 ручек 14 30 млеко 17 вечера 19 30 млеко Меѓу доручек и ручек нема млеко. Во тек на ноќ има едно млеко.