Da da skoro se, nekni i pomfrit proba samo ovosje ne. Jabolka imam probano go pluka. Probaj so kora od leb daj mu da dzvaka.
Кај и да е ќе воведам житарки и имам прашање.. како е соодносот не ми е баш јасно Сакам да воведам палента, ориз, просо. Прочитав 100мл вода со 2 лажици палента. Просо и обичен ориз колку лажици варите за да ви испадне таман за 120-150г каша? Бидејќи сакам да воведам оброк, истиот треба да е 1 лажица житарка и останатото да е овошје/зеленчук?
Просо ставам да варам околу 2-3 супени лажици и за прв ден уведување правам овошје ставам 1 супена во него и блендирам, вториот ден веќе ставам цело и искрено јас меран на дигитално вагиче во таџирчето за бебо 150гр. ако ми остане од блендираното повеќе си го јадам јас плус ако бебо недојаде иде кај мене палента и ориз на хип имам за уведување правам со 50мл вода и 1 лажица палента ставаам овошје/зеленчук и давам исто мерам а за понатаму со 100мл вода и 2 лажици
И јас мислам со кујнска вага да терам. Прочитав тука 1/3 треба житарки, значи за 120г ќе си мерам 40г житарки
Јас свежа имам замрзнато исечена на кругови и си вадам круг и печам. Дебелина на круг да може да си ја изеде за два дена.
Јас замрзнав сварена. Повеќето јадења за бебе ми се сварени па смрзнати, за да можам побрзо да ги спремам.
Јас блендирам и ставам во тегличка од 120г и така мерам. Туку на 6м колку ви јадат? Колку треба да јадат т.е?
Незнаев каде да пишам па ајде овде .. на бебе давам бебелан вода од кога ќе отворам шише колку дена може да се дава таа вода или може додека не се испие? И каква вода давате?
Јас давав Бебелан, пишеше после 24 часа ако стое да се преврие. Јас не ја превривав. Ставав врела во термос, а со остатокот разладував. Откако наполни 6 месеци користам Роса.