Па и јас така планирав, дека почнавме со 5м.. на 7м да и дадам бејби биф телешко месо (иако во табела е 8м, но табелата е со почнување на 6м). Исто ручек со полни 7м.
Јас ич не памтам како давав на првото, овде барам шо сум пишела се потсетувам ама 7 мислам таман е, и ние од 5 почнавме со вкусови,некој ден пред да наполни 6 почнав да му давам цел оброк.
Кромид, блитва, спанаќ... во мојава табела стои и праз. Гледма дека кромидчето убаво му иде, па и праз ке воведам деновиве. Гледам тоа што е сезонско или ако имам јас замрзнато.
Некако касно ми личи на 8 мес телешко.... Ако имате 1 оброк на 6 мес, на 7 таман си е месо. Ние од 5 почнавме со вкусови ама од 5 до 6 мес само 300 гр качи и воведовме втор оброк ради тоа и месо почнав да давам.
Треба да уведувам од денес педијатарот ми кажа само што се враќаме од таму јогурт (предпоставувам е грчкиот) к.млеко и телешко само да не уведувам пилешко и мисиркино ... од кој јигурт, к.млеко и од каде купувате телешко??
Грчки јогурт, обичен јогурт и кисело млеко давав едно по друго. На Бучен Козјак, грчкиот не знам, Имлек изгледа. Телешко од месара. А зошто не пилешко? Јас имам дадено, си јаде, домашно е. Може мислел ако немаш домашно да не даваш купено, ама ако можеш да најдеш домашно можеш и тоа да воведеш. Мисиркино немам ни јас воведено.
Да така е ако се почне до 6м дохрана, затоа е 8 ставен (табелата е од 6м). Матичната ми рече ако почнам на 5м, месец наназад ќе можам се да воведам. Што состојка може да ја мачи од морков? Абе никако да го навикне. Прво воведување имаше грчеви и сега кога и да и ставам она има грчеви. Денес и ставив во кашата, плаче лудува кенка.. ме испоцица, се прецица од мака и поврати. Едвај заспа сега, прва дремка демек... се на цице спиеше, како ја тргнев стануваше и плачеше.
Јас за другиве се од таму зимав. За второто пред 6г (одамна ), зимав од Веро Тафталиџе. Ми викаа дека таму е најсвежо, таму го носеа прво и после разносувале низ другите Вера. Плус и многу се пазари таму..
Јас земам од Веро (Битола), убаво е и вкусно. Не знам што е критериумот, јас го варам во Мултикукер и замрзнувам во теглички, убаво се готви, не е тегаво. Инаку на муабетот, воведов пилешко и телешко на 6 ипол месеци, пред да воведам втор оброк, препорака на педијатар беше од 6 месеци, а со вкусови почнавме на 5 и една недела.