Има каши со пилешко и мисиркино, воведи колку само да проба за пред градинка, давај си телешко иначе. Јас така правам.
Имаме водедено оброк доручек база ориз, просо или пченка со некое овошје по препорака од педијатар, исто така имаме воведено ручек компир со мешан зеленчук и месо. Сега сакам да воведам и вечера па сакав да прашам најчесто што давате за вечера,бебе има скоро 7 месеци.
Вчера дадов прв пат Семолина на Хип 4+ со банана за вечера. Не го рачунам како воведување зошто е на база на ориз, а ориз имаме воведено. Го дадов околу 2 саати пред спиење, после цицаше и заспа. Се разбуди после пола саат и ми поврати во млаз, прв пат да ми повраќа од храна. Сега ми е шубе да дадам пак, има шанси да е до гризот или можно е многу да му дојде? И со што обично го давате за вечера?
Сакам да почнам со вкусови. Е сега кога е најдобро време да му дадам да проба? Колку време пред млекото?
Јас давав обично после првата дремка, околу 1 саат после последното цицање. Гледај кога ќе е наспано и расположено, да не е ептен скоро јадено, ама да не е и прегладнето, така ќе е нервозно, нема да сака. Првата недела моето не сакаше ич, едвај пола лажиче, ама не форсирај, само нуди.
Фала Не се надевам и јас којзнае колку да сака, читајќи тука по форумот, сите се со исто искуство првата недела И друго уште да прашам, ориз и овес како и кога се дава? Во распоредот има и ориз и овес. Мене прво бебе ми е и стварно немам појма Бебе е 5 месеци
Ориз јас дадов меѓу првите намирници за да можам да воведам оброк негде после 2 недели од пробување вкусови. Имаш на Хип/Холе инстант, ама мене тоа ко стиропор ми се гледаше и не му дадов. Дадов обичен кочански, прво смелен во блендер, па го варев, а после почнав во зрна да го давам од околу 6 месеци, така можеш и сварен, па да го блендираш со зеленчукот од кога ќе воведеш неколку вкусови. Овес уште немам дадено, нема дојдено на ред , кога ќе воведам глутен ќе дадам така. Ако воведуваш сега, земи безглутенски, има во ДМ.
Ама давам вечера веќе недела уназад, ми нема направено вака, обично палента, просо со грчки јогурт, кисело млеко. Инаку матичната ми рече да воведам, денес полни 8 месеци.
Ауу грчкиот јогурт јок .. се тресе дете кашла прави бљак како за повраќање цела палента остана нејќеше и чист грчки .... на крај земав кашичка јаболко слива си ја искрка .. само 3лаж. да се проба .. мајкооо а јас и мм се давиме во млечни производи