Па не мора бе мајка, грчки. Ако нејќе, нејќе, здравје. Давај му кисело млекце, обичен јогурт. И јас лично не го бендисувам.
Ќе пробам утре наместо грчки да дадам к.млеко или јогурт на бучен читам го давате .. само со палента неверувам дека ќе јаде незнам со што да направам .. овошје просо ..
Мојава станува, цица па јаде, после цицање за брзо е гладна, на мајка и, морам за брзо да јадам по сабајле гледај да темпираш кога пиел млеко па веќе кога ќе го фаќа глад, кај мојава тоа е за некои си 45 мин до саат после цицање. Почни си со Семолина, палента, тие прашоците, види како ќе ги прифати. И ориз имаш исто како прашок.
И ќерка мн не го обожава грчкиот, го јаде ама замаскиран, и правам финти. Каша, па грчки па овошје, така и ставам во лажичката за да не осети. А кисело млеко, јогурт си сака. Пробај вака замаскирано, ако не, паузирај, понатака ќе дадеш. Многу им се менува вкусот, еден период сакаат нешто, следен период не го јаде.
Aхаа епа тогаш можи многу му дојде, не му давај да цица пред спиење ако можи да ти заспие така па после нека цица.
Мене ми е убав грчкиот ама за големиот ко воведував грчки му немав даено, јогурт и кисело млеко само. Сега на 4 години прв пат проба многу нови работи се форсираат наеднаш сега..
Јас досега само со палента. Со просо имам давано овошје само, ретко давам, може еднаш неделно, не го сакаше, ама сега му најдов финта. Повеќе варење и блендирање, па додавам банана и вишни. Супер комбинација, како пудинг е.