Ич да не се потресуваш. На другарка 10 години и се разлика децата. Големата си варела јајца, малава се потепала да проба и големава давање пола јајце. И жолчка и белка, комплет И го вовела набрзина. Другаркава вика 3 дена не спиев, чекав реакција
Јас на мојте им дадов денеска макарони со abc намаз , вака арни ми изгледаа цел ден,не знам да чекам нешто реакција утре...дека солено абц
Таман со момички и цело јајце ќе и е воведено Ѕверов момичките строго суви ги јаде Офф топик, големава јаде крем бе? @Tea SK и твојата?
Јаде да..некогаш со леб,некогаш на вафла намачкано... Јас сум голема мама веќе 4 год имам,можам се'да јадам
Ова нејќе да мирисне крем, и мармалад ми одбива у последно време и знаеш со шо јаде палачинки? Со абц намаз Кој не и даде паштета на крај , па те
Јас и тоа и давам да јаде некогаш ако не сака да јаде,оти имаме и такви моменти,кога не сака да јаде,а немам време и живци да се убедуваме,па на крај понудам и паштета. многу ме гајле,не е секој ден.
Па јас не и давам ама во палачинки ди јаде. Гледам и во градинка им даваат ама во принцип лепче чисто си сака, со ништо дс не е мачкано.
Јас давам каша од суви сливи, ги варам 15ина минути и ги блендирам со вода од таа што се вареле, многу убаво излегува, како пудинг. Бебе ептен ја сака. Друго овошје немам пробано засега, ама мислам дека е најдобро да се вари за да омекне.
Како давате макарони, варени па блендирани со рачен блендер ( мене некако не ми излегуваат добро блендирани ) или во нутрибулитет со малку вода?
Јас вчера им дадов,ама не ги блендирав,ситно ги исечкав на мали парченца,џвакаат цуцки мали,што ќе прават
Пилешко месо за бебе ако е домашно мора да биде само бело месо? Можам ли да дадам од копан на пример?
Јас давам и копан, убаво сварен во Мултикукер. Секако блендирам сега, ама месото од домашен копан е малку потегаво.
Од 7 ипол месеци, готово воведена е, не пазев баш многу со шемата 1/4, 1/8, за недела ипол цела му ја воведов