Да се пофалам дека мојот сака брокула Ама ако сака, дали смеам да дадам повеќе од 3-4 лажички, бидејќи толку препорачуваат?
Не. Шема од педијатар за воведување 1/8, ден пауза, 1/8, ден пауза, 1/4 1/4, ден пауза, 1/4, ден пауза, 1/2 1/2, ден пауза, 1/2, ден пауза, цела жолчка Му доаѓа цел месец да воведуваш, а измеѓу да не даваш ништо ново. Јас не го испочитувава ова за бебе сега. Да имав време може и ќе терав вака ама за 2 недели трга на адаптација, морав да збрзам.
Го снимав мојов на вториот обид за брокула... значи се згрозува душичка и баталив. Јас мнг сакам брокула. Не му броев лажички. Ако сака нешто, малку повеќе од претходен ден давав.
Брокула му дадов купечка, од hipp, за да не купувам за џабе оти никој дома не јадиме А другарка моја му ја спрема со водата кај што ја вари брокулата.
Да се вмешам во муабетот. Никогаш во овошни/зеленчукови каши не сум ставала млеко. Постојано и правев со водата кај што се варело. Брокула со инстант ориз на Хип. Или со компир варен.
Тиквата пример, можам печена да ја дадам? Или мора варена? Свеки ми донесе па да знам дали можам да ја искористам за сабајле
Можеш. И јаболко можеш печено или варено. Печени не се толку разводенети, поизразен вкус имаат. Инаку се ок.
Печено е превкусно, но да пазите бидејќи прават запек При самиот процес на печење испарува водата. Комбинирајте нешто варено и воденасто. Или обавезно вода. Јас вака се зафркнав со печена тиква, ко што се делеше тиквата е ко конци нели, и јадеше јадеше... Значи не беше каша, како парчиња јадеше. После се изнамачи 5 дена не можеше да кака.
Јас дојдов да прашам дали некоја мама давала домашен кефир? Со кравјо или со козјо да го правам? И дадов 3 лажичиња кефир и беше доста заинтригирана од вкусот...