За 5 дена праиме 7м. Беба некогаш праи маф на кашите а некогаш несакани залче. 2 дена одбиваше, 2 дена јадеше, сега пак 2ри ден одбива. И тоа и правам и по две каши, се мислам ај да не не и се допаѓа... пред некој ден у кујна мислиш 5 бебиња сум ранела.... А гледам веќе се воведува ручек. Совет некој? Да напоменам, јадам со неа, не ја форсирам... Следам препораки...
Според пишаново мислам дека е можно тоа што не јаде да не и се допаѓа. Барем според моето искуство. Јаде буквално се што воведов до сега - тиква, круша, тиквица, праска, кајсија, јаболко, слива, морков, компир, батат, ориз, палента, просо, банана. И комбинациите од истите ги обожава. Давам 120-130г, се јаде до крај. Вчера и денес воведувам брокула ( палента, тиквичка, брокула, маслиново ) и апла се гледа дека не му се свиѓа, јаде ама со фацки јаде 80г макс и останува каша за прв пат Види што и се свиѓа тоа давај или прај комбинации
Па баш тоа што и се свиѓа и давам... Еднаш јаде еднаш не. Пробував и после прва, и после втора дремка, и на пладне... Едноставно не е заинтересирана. Додуша мислам денес нешто ја мачеше. Баш ќе видам утре.
После колку време од подој ја нудиш храна? Јас секој ден исто. Цица во 06.30/7 давам кашичка 9.30/10. Така сам си станува..барем 2ипол 3ч да е убаво гладна..
Како правите со ноќните каши? Докторот ми рече адаптирано со житарки ама изгледа не сфатив баш. Морам со нашето адаптирано дека се води со алергија на кравји протеин. Да ставам и нешто друго или само тоа?
Без глутен од Хип е од 4 месеци, мислам јас кога имаше 5 му дадов. А од пред некое време воведов глутен со ноќна каша на Хип, ама со 7 месеци.
Не би требало. На моето досега кромид и боранија му правеа гасови. Да не е од друго нешто или 1 оброк има?
Јогурт, кисело млеко и грчки исто со полни 7. За вечера му ги давам си палента или овесни. Путер немам дадено. Искрено и го заборавив, може деновиве.
Имам некои кашички добиено како подарок. Е сега видов има една од БиоБиа и една од Дева.(не знам дали и вака точно е) За овие искрено немам слушнато. Дали се добри ако некоја има давано од нив?
Она плаче сред оброк за цице ако е ептен гладна... 6 стануваме, некогаш сака дремка за саат, некогаш за два ипол саати. Тука веќе целиот ред губи смисла.