Дали правите супа на бебиња со фиде и дали додавате некој зачин? Од колку месеци и како ја спремате? од кога давате солче?
Мајки дајте некоја листа како може да ги комбинираме вкусовите Денес му дадов морков и јаболко, толку нагон за повраќање немам видено. Никако не сака морков
Гадно е да, ептен е благо... Јас еднаш измешав тоа па неутрализирав со авокадо па јадеше. Па да, еве да земеме пример ние коа си цедиме сокови, еве од лично искуство да зборам. База е или морков или јаболко. Засебно многу комбинации можат да трпат. ^^
Јас морков не мешам со овошје, некни дадов готова морков и јаболко се мрштеше, ама не бевме дома и немаше некој избор од кај што купував. Главно, морков мешам со брокула, тиквичка, тиква, карфиол, компир и сл. Од старт воведов неколку овошја и неколку зеленчуци и мешав еден ден зеленчукова еден ден овошна додека да воведам втор оброк. Сега од сабајле зеленчук не давам. Инаку комбинации пр. компир+морков+брокула морков+брокула+тиквичка морков+карфиол+пашканат Морков+тиква+брокула Морков+тиква+тиквичка Зависно што имаш воведно. Од кога воведов кромид во повеќето зеленчукови ставам 1/4 мало кромитче, поубаво е на вкус.
Незнаев кај да пишам затоа овде ... силиконските тањирчиња дланокиот и плиткиот поделен на 3 што е дали ги миете во машина за садови? Имам дома неотпаковано сакам да почнам да го користам па дали да ги ставам да се исперат во машина?
Зависи колку ќе изеде оброк. Мојов има три оброци, обично млекото му иде како ужинка меѓу ручек и вечера, 3 саати ако излапа убаво ручек, 2 саати ако забушава.
Еве јаде 100 грама да кажеме. Кога ќе стане млеко даваше или не? Ова зборам на почетоците да споделиш како беше, ако не ти е проблем.
Да од сабајле млеко, па после 2 саати доручек. Исто после 2 саати од доручек млеко давав. А ако нејќе да ми јаде, забушаваше на почетокот многу, за саат време млеко му давав
Жолчка со што комбинирате? Давате за ручек или може и друг оброк? Некако не ми оде со батат, компир... Треба да почнам со воведување.
Јас да, правам и обавезно зеленчук, некогаш и пилешко месо. Додавам малку сол и вегета некогаш и малку црн пипер. Од се по малку за да се навикне. Од 10 месеци почнав.