Јас жолчката ја ставам во бананата, банана обожава и само така успевам да му ја маскирам жолчката за да ја изеде Туку, од каде купувате телешко и дали стриктно барате baby beef или “обично“ телешко земате?
Јас зимам од рамсторе онде кај нлб главното Shol телешко презадоволна преубаво топло го препорачувам мене колешка ми го кажа за ситр 3 деца од таму има зимано
Кога му дадов брокула првиот пат беше готова каша и не забележав дека се нафрла. Вчера му направив домашна кашичка во која ставив само едно парче брокула и се нафрла по телото. Колку време сега да не му давам, па пак да пробам? Од другите зеленчуци сигурна сум дека не е затоа што почесто ги јаде.
Мајки тие што имате воведено месо, млеко, глутен, јајца....порано од предвидената возраста, дали сте имале некаква реакција и какава? (На 8 месеци ќе тргаме во градинка, па мора да имаме воведено се ова, поради исхрана таму) Секој совет е добредојден, фала ви.
Ние почнавме од 6 месеци, најпрво со зеленчук(морков, компир, батат, брокула, кромид, пашканат..) па овошје( јаболки, круши, банана, кајсија, слива, авокадо....) па мешавме со житарки без глутен (ориз, палента, просо....)
Јас на 4 полни почнав само по 2,3 лажички на ден колку да видиме дали ќе јави реакција па на 5 месеци имавме еден оброк. Почнавме со компир,сладок компир,морков,брокула,тиква,тиквичка,јаболко,круша,авокадо,банана,сливи,просо,ориз,овес,палента
Авокадо може да дадам на 5м? Во табелата е од 4-6 месеци. Се дава така свежо блендирано колку што знам, или грешка сум?
Денес прв пат брокула, добро ја прифати (и тоа пасирана) мислам ќе си ја сака и она како дада и 6м и 20дена е, ручек планирам накај 7м. Таман да воведам уште карфиол и кромид сакам до 7 и после мевце телешко и глутенски житарки (и овошје, зеленчук што е 7+). Вие кога воведовте ручек и вечера? Јас со таков план сум, вечера на 8м полни.
Ручек со 6 полни, вечера со 7. Може беше рано, ама син ми е лаком уште од бебе, 3870 се роди, млекото веќе ич не го држеше и затоа вака.
Мојава е на доење, многу станува навечер веќе 2м ама па не препишав на тоа дека можеби е гладна. Исто многу лакома, првите два месеци по 1500г стави. Цица на 2,3ч и има само доручек. Исто родена 3720г (38+1), на 6м беше 8600г, помалку става од 4м навака што мислам е нормално... Ако ставаше како што тргна, мишелин ќе беше До сега се што и воведов супер прифати и сака да крка.
Моиве генетски си се големи и не се буцкасти (првото и третово), средното поситно беше. На 12м беше она 9ипол кг, а све кркаше До ден денес е она слабичка и просечно висока. Бато 4400г е роден, ова да тераше до термин ќе беше исто како него.. зошто на 6м истата килажа ја имаат Истеравме веќе вака за 10 дена прави 7м, па ќе воведам ручек тогаш..