Ви се случило ли да не сакаат житарки? Пред некој ден едвај касна ориз со круша (а, крушка си сака), ама ај да речам јадеше. Вчера и денес никако не сака просо, едвај уста отвараше, проба, правеше фацки и не сакаше отпосле ич. Вчера просо и тиква, денес просо, јаболко, тиква. Намерно повеќе на јаболко ја направив и неќеше. После само јаболко му дадов, прво пак се мрштеше, ама изеде пола.
Како го правиш просото? Син ми на почеток не ми го јадеше, а јадач е баш, се јаде, ова го нејќе... Следен пат го покиснав од вечер иако на него пишуваше само да се измие, и го варев во повеќе вода и со малку вода и го блендирав. Така го сака. Инаку првиот пат како мастика ми искочи.
Просо изгледа многу нејќат И моето нејќеше. Јас од ДМ земав, не се кисне, туку пише да се измие со врела вода и сваре. Сега му го варам со повеќе вода и со вода блендирам, убаво се праве. Претходно не беше мазно и го нејќеше. Со банана и вишни го сака ептен, како пудинг е.
И мене ми го нејќе. Некако вкусот ни мене не ми е баш нај нај. Вака покиснато менува на вкус или полесно се вари само?
Па не знам за вкусот, ист е, јас го сакам, и јас го јадам често за доручек, само за себе не сум се замарала за текстурата ама еве синко сака да му лизга
Земав за почеток готово од ДМ. Пишува во сооднос 50:50 да се припрема (млеко/вода). Не ми изгледа крупно како да мора да се блендира, ама ќе пробам следно да добијам помазна текстура, баш да видам дали повеќе ќе го сака.
Нормално, што не се јаде, мајка дојадува. Ама не е лошо, бре, јас дека сакам такви работи мене ми се допаѓа. Маж ми вика, ауу, такво за птици хранење и јас би неќел.
Јас сум го јадела просото и секогаш имам дома просо. Киноа не сум пробала и него уште му немам дадено тоа, амарант искрено прв пат овде прочитав дека воопшто постои такво нешто. Го купив и уште го немам отворено, одамна се мислам да прашам како се прави. Ете на муабетот, како се приготвува амарант?
Да не пишеше немаше да ми текне дека и моево треба да го научам на грав и леќа.. сеа го проверив менито . А богами ни тарана не сум дала и жолчка а почнува на 17ти март
А да не им го блендирате? Јас не блендирам ништо, овошје зеленчук пасирам, просо варам, овесни покиснувам. Варено просо со авокадо, со банана обожава.
Јас не го блендирав. Директно само варев од инстант просото на ДМ Био. Ама јок, неќе па неќе. Следен пат блендирана ќе пробам. Од утре првпат палента воведувам. Кажете ми и таа дали ја блендирате мазно и со што најмногу ви ја сакаат во комбинација бебушките?
Просото моето го јади блендирано, инаку не, а го киснам од вечер, па го варам. Ама стави и вода кога го блендираш, оди убаво и со банана, како пудинг доаѓа. Имаш и инстант просо на Холе и тоа не е лошо. Инаку палентата нема потреба од блендирање, ептен е ситна. На почеток, дека меѓу првите намирници ја воведов, со се' од овошје ја давав, јаболка, круша, слива и сл. Сега веќе почесто со јогурт ја давам.
Јас овес и ориз не блендирам, ама ете просото не го сака во таква форма. Инаку за пасирано, не ја сака текстурата на се, па не го јади. Главно и уште блендирам ради кашите со месо, оти месото во Нутри булет не можи убаво да се изблендира ако е мала количина.
Не сака неблендирано. Неколку пати варев по упатство, блендирав со овошје и не беше мазно. Сега го варам подолго, го блендирам само него со вода, па после пак со овошјето. Така е мазно ептен. На мојот со вишни и банана му е супер комбинација. А и страв ми е искрено да пробам неблендирано било што, нема уште ниеден заб, а на 25 ќе праве 8 месеци. Лаком е и знае да се закашла и од млеко.
Јас не сум им блендирала ни на двајцата, а ќерката на 10 мес прв заб извади. Памтам на одмор бевме, јадеше од нашата шопска на 10 мес без заби. Месото само во сецко го ставам, друго се со вилушка. Што знам некако ич не ми е страв, од одма џвакале кога сум им давала. Вчера му дадов и така брокула да јаде, пола на земја заврши ама пола си ја лапна.
Пасирам со вилушка само банана, авокадо и компир. Кога има ручек со компир, така погуста ја оставам и гледам џвака, ама пак некако ми е страв И смокички му порачав од Белина, така стојат. Им имаш давано смоки кога немале заби? Снаа ми давала.
И моево бебе не сака блендирано, пасирано сака. Морков никако не сака, ако нема морков за секунда ја јаде кашата, ако има морков се натегаме. Вода сака да пие само од филџан за кафе дали дека нас не гледа со нив, дали дека се шарени не знам ама од шише никако не сака.