Моето после 5-6 јадења просо се откажа нејќе ни да проба, исто така е најголем хејтер и на палента. Со што и да ги дадев двеве џабе беше, исто ко нас возрасните се
И ние почнуваме од 3ти во градинка и дадов неделава 3 пати кравјо, со овес и банана и со јаболко, си изручка. Немам идеја само гравот како да го дадам, леќа има јадено неколку пати веќе. И портокал/лимон исто треба да дадам дека ги гледав во менијата пред некој месец исто..
Џвакањето се учи со непца, не со заби и е една од првите предговорни вежби кај бебето. Никогаш не сум блендирала комплет оброк. Само месото, брокула (оти таа само се става во врела вода 2-3 мин и не омекнува доволно за пасирање) и карфиол. Се друго пасирано од старт, житарките цело зрнести, само сварени и размешани со пасирано овошје/зеленчук. Инстант житарки не сум давала. На година ипол летото имам слики како гризе цели кајсии и праски. Давај му смоки, не му се плаши. За водата не им се секирајте, и мојата до годината со лажиче се молевме, после точно на година почна од чашка со цевка, па сега не знае и сама колку вода пие, се и е чашата во муцка Просото се кисне минимум 2 саати (најубаво е преку ноќ) па се вари. Убаво сварено нема потреба од блендер.
Убаво зрела банана (со темни точки по лушпата), не прави запек, напротив го олеснува какањето. Се дава од старт кога ќе почнеш со дохрана.
Па меѓу првите вкусови. Значи, некаде на 4 ипол, а во оброк доручек од 5. Само нека биде зрела, дури со црни дамки, така ми кажаа тука. Недоволно зрелите правеле запек. Со авокадо оде многу добро.
Смоки од дм имам давано на големата оние од пченка што се со вкус на стиропор . Исто и бисквити јадеше. Бебе не сум му дала уште мал ми е некако за тоа.
Фала ви мајки колку работи научив од форумов Авокадо ми прифати, па ќе му направам комбинација со банана
Грешка ли е ако не се кисне просо илу друга житарка? Голем е мојот за малце година ама до сега не сум киснела. Мијам и варам 15 20 мин додека спие..
Грашок и домат од кога воведовте? Татко ми земал една каша на Хип со ориз и пилешко, ама има домати и грашок, нема тоа пробано. Мислам доматите се покасно, над 10? И макарони од кога може? Се блендираат или во сецко?
Тестенини може од 8. Јас само тарана сум дала дека ситна така да ја јаде. И инаку грашок му воведов на 7 ама пази вие со меше мака имате прави гасови. Истата каша му ја дадов прошла недела, не ми го сакаше ручекот, така му воведов домат ама ми направи контактно црвенило каде што го допре на лице. Иста ми е и големата, а јаде патлиџан лом се прави на лице ама им проаѓа одма.
Е да, од боранија имаше гасови. Може така да пробам да воведам натаму, а за јадење пиперка, патлиџан и краставица кога ќе излезат од бавчата. Од пазар сега пластики не давам.
Мајки, цвекло од кога давате и ме интересира спанаќ колку пати неделно давате и по колку листови ставате?
Мое бепче официјално не е љубител на житарки. Еве денес ни палента неќеше. Пробав ја блендирав, ама не се смени текстурата. Веројатно не може назмазна да биде. Прави фацки и врти глава. А сѐ друго од овошје и зеленчук јадеше колку толку.
Цвекло немам дадено. Спанаќ 2 пати неделно, 2 листа поголеми ставам. Оти пораснал додека се намолеме да го обереме
Не се готви она долго за зачувување на хранливите материи, пушташ во вода што врие до 5мин макс и толку.