Ја измешав со јаболко и слива. Таа од Дм ја давам. Прати ми те молам сликче од таа на Хип да видам дали ќе ја најдам овде.
Здраво. Како е подобро кога ќе се разбуди детето прво да се даде млеко па каша? Ние сме 6++ и уште не можеме да воведиме оброк целосен зошто едвај пола кашичка ја јади. Доколку може некоја мајка да ми каже распоред... Да напоменам дали некој скок е или не знам што едвај го пиеме млекото Ви благодарам...
Обично така правеме. Млеко околу 7 пример, па каша околу 9. Е сега некогаш знае да дремне по млекото, па доручекот да е покасно. Пример околу 10. Е некогаш ако се погоде пример во 6:30 да се разбуде за млеко, а околу 7:30 да станеме, тогаш не давам млеко, туку право каша околу 8 ипол. Се зависи кога ќе стане и кога последно ноќта пиел млеко.
Моево е на доење ама така прво цица сабајле накај 6,7 па накај 10,11 јаде каша.. Мене ме интересира ручек како, кога? План ми е утре да почнеме со ручек. Ама за време не сум размислувала
Јас ќе давам накај 14-15ч Отприлика калкулирам вака, секако зависно од станување сабајле 7-8 доење 9-10 доручек 11-12 доење 14-15 ручек Накај 13 ќе се молам на господ за дремка
Моето бебе исто не сакаше просо во блага варијанта со овошје затоа сега само во ручек го ставам и си го јадепробај со ручек солена варијанта давај го наместо со овошје може така ќе сака
Жолчка од какви јајца воведовте? Периодов неможам да најдам домашни и затоа одложувам ама сакам да почнам да воведам жолчка..
И давам во 21ч 180мл и цела вечер не бара тек околу 5ч и давам пак млеко зошто имаме проблем и со млекото не го сака нешто и него многу сита е...а напредува се во тежината дури и над нормала сме Благодарам
Мене докторката ми рече ручек од 12 до 14ч. И тоа ми кажа на 6 и пол месеци 3 оброци да има а мојата не сака ни еден а не пак 3 некако многу исфорсирано ми е од страна на педијатар
Многу е стварно... Јас втор оброк ручек еве на скоро 7м (на 30ти прави 7м), а вечера план ми е на 8м. Така сум терала и со другиве дечиња мислам. Нема потреба да се форсира, па особено ако бебе одлично напредува. Мојава пред некој ден ја мереа 6м и 20 дена и рамно 9кг има. А ручек невозможно ќе биде да е 12... Еве сега цицаше, каша ќе јаде во 10-11. Мислам ручек најрано ќе биде во 14ч.. Ќе си се водиме по нив..
Јас на двете деца им воведував храна со 3 оброци од старт. Тоа не значи дека 3 пати ќе јаде, него 3 пати нудам. Првото не јадеше ич, па на 6-7 месеца јадела околу 50-70гр на оброк. Второво е јадач па јадеше 200+ 3 пати на ден. На 8 месеца веќе и ужинки понекогаш му давав. Искрено не знам како е попаметно/поправилно, ама бидејќи децата ми беа на распоред со цицањето уште пред да почнат со цврста храна, поедноставно беше сите три "оброка" да се воведат од старт. Можеби ако цица бебе "на изволте" полесно е да се воведува по еден оброк на месец како што генерално се препорачува во Македонија.
Јас зимам од зелен пазар од една баба што продава домашни јајца, нема реакција сега за сега а директно дадов 1/4
Majki od koga vovedovte makaroni posni bez jajca? Zasto nemame celo jajce probano i nesolena urda ? Sto sto gi kombinirate makaronite?