Ова мојава и 7 саати без млеко да биде, нема знак да даде. Значи во 3:30 ноќеска пиеше млеко, станавме во 6:30 и да пробам ајде каша. Јок бре. Давам млеко несака, рикаше и заспа кај 9. Стана кај 11 и едвај испи млекото.
Сепак имаш ти поише претстава за како колку пие млекце... Мојава на доење е и сред каша плаче по цицка се тегне... Гладна ама несакана јаде. Ние како вас кога почнавме со дохрана, бебла несакаше да јаде, па пауза правев по недела дена, па пак пробував... Сега не ни и спремам цели каши, само колку да и понудам...
Не се разочарувај, ке и здосади цице, а може треба да и понудиш неблендирана или baby led weaning, може поинспиративно ке и биде убаво сварен батат, брокула, не знам што се даваат така. Нека се мачка со храната малку, може поинтересно ке и е.
И моето е така. 9 месеци ќе правиме. Пробувам на секој можен начин да ја натерам да јаде. Ако е нешто по нејзин мерак ок знае да изеде повеќе ако не едвај 10 лажици со молење. Знае да плаче на хранилка ме тегне по блуза да ја земам да цица.
После време, дојде пак просо на ред. Денес му дадов домашна, јаболко, круша, банана, просото и лажичка масло од репка. Подобро од што очекував, изеде 130 грама точно, мерев пред и потоа. Веројатно до запчињата било, две извадивме тој период. Е сега за палентата ќе видиме како ќе биде, и неа ја неќеше.
Не бе какво разочарување, ќе си пројаде бебла.. пробав парченца ама не и го погодив времето ќе пробам пак.. А инаку шмукалче pouch сама си јаде си го стиска си шмука низ цефчето... Сабајле ја оставив сама си јадеше со лажиче
Апдејт: во Веро Тафталиџе има бејби биф, за бебе го чистат од жили од се, најубавите парчиња. + Има чисти каши праска на бејбивита и лино. Ќе го сварам телешково во теглички по 50г така ќе го смрзнам.. Ги вадите од вечерта да се одмрзне или непосредно пред правење директ ставате во тенџерчето?
Од сабајле го вадам, се размрзнува малку таман да искочи од тегличката директ во водата зовриена за ручек.
Лош избор на зборови, не мислев разочарување. Знам ептен убави комбинации и правиш со кеиф. Значи едноставно си е самостална. go girl!
Јас да ви кажам, дадов грчки јогурт на беба. Имаше реакција околу устето... Следниот ден кашичка со гриз и АД на хипп неколку лажички... Кенкаше кенкаше, успеа у раце да ми заспие. По 3 минути, будење беба со грч вреска плаче... Ја исправив, и 3 млаза повраќање до гушење, утоп и јас и она... Вака ли изгледа таа интолеранција на кравји протеини? По консултација со @mariz , пауза да направам до млечни...