Здраво, вчера прв пат му дадов тиквица и се нафрла цел на грло, меше и грб. Сега колку време да чекам пред да му дадм да проба повторно?
Летни бебуши ^^ имаш со манго кашички, дмБио манго јаболко, Бебивита манго јаболко праска, хипп крушка банана манго... Ако и купам свежно ќе и го изедам ја, а глеаш стварно ми беше манго стрв у трудноча... Шубе ми е уште еднаш да пробам сеа чим вака ми кажа...
Ај јас да се надоврзам на ова. Најголемата моја дилема моментално. Моето дете е 8 месеци без некој ден. Повраќаше од 2 месец до 6 и пол месеци, ПРЕМНОГУ. Да не претерам ама од едно до друго млеко сигурно 10тина пати. Преособлекување на секое едно. Бевме на ар формула од 3 месец ама повраќањето не се намали. Никогаш не повраќал во млазови и секогаш тоа било повеќе бљуцкање, некогаш повеќе количински, некогаш помалку количински, но никогаш не му правело тегоби и секогаш напредувал повеќе од одлично. Кога воведов прв оброк почна да се намалува, односно после каша не повраќаше или можеби еднаш ќе бљуцнеше, но после испиено млеко пак истата песна. Почна веќе на психа да ми мава и во консултација со Наташа од Систина му сменив хипоалергена формула на 6 и пол месеци и воведов втор оброк (ручек). Сега веќе 2 недели имаме и трет оброк и воопшто не бљуцка, од 6 и пол месеци како го воведов хипоалергеното, паралелно зголемував и оброци и повраќањето скроз исчезна. И се тоа супер, меѓутоа имам препорака од докторкава да не давам млечно ништо до годинка, а толку сакам да пробам... Се ова го пишувам со цел да добијам мислење како вие би постапиле во ваква ситуација, секако ќе си одлучам јас, меѓутоа чисто мислење.
А јас ич не му ја мислам, има деливери козјо млеко секој некој ден прават... Само да се уходам и намаз и јогурт, све може да се прави.. Башка па да не, поздраво е козјото. Е сеа специфично е, ама све за беба. Според муабетов твој може да пробаш со козјо...
Бебе изеде 100гр каша од круша денес. Досега најмногу. Дали тоа значи дека полека можам да воведам прв оброк? И како?
Колкаво е? Што имате воведено? Оброк ќе воведеш така што безглутенска житарка ќе измешаш со веќе воведено овошје.
Јас на 6 дадов 2 оброк. Можеш слободно доручек. Палента, мултигреин, семолина без глутен, просо со некое овошје. Палентата со се ја мешам, исто и мултигреин, просо највеќе со банана и вишни сака, ама вишните се 7+.
Епа утре воведи просо. Со јаболко и крушка пр. Малку просо стави утре (мала рамна лажичка), задутре повеќе (една голема рамна лажица). Два дена се доста. И така постепено ќе си воведуваш овошје/зеленчук со веќе воведените продукти. Други безглутенски житарки кои можеш да ги дадеш се киноа, ориз, хељда.
Па интолеранцијата на глутен во принцип дава стомачни тегоби ама не знам со сигурност да кажам како би се манифестирала кај бебе.
Палента Хип-Зегин Мултигреин со хељда Хип-Зегин Ориз Хип или Холе-Зегин Просо ДМ Семолина без глутен Хип-Зегин Зегин оти онлајн си нарачувам, а некои Хип има и по маркети. Уште ДМ да направат онлајн и се ќе биде во ред