Јооој па нема никогаш да дадам ако треба да лупам топче по топче....јас на 7 му дадов замрзнат, ок беше.
Мајки здраво, од 6 мес. почнавме со кашички, прво зеленчукови не ги сакаше и почнав овошни да и правам, по 4-5 лажички ке изедеше и толку. После недела дена не сакаше никакви, се гади, затвара уста, а истовремено и растат и забчиња. Сега е 7 мес. и уште нејќе да јаде. Дали има некоја искуство, што да правам?
Ај хелп малку... Воведов телешко скоро, 7м и 10тина дена е сега. Од месо, само телешко месо сеа за сеа имам. Млечни немам воведено, 8+ тие планирам... ама за глутенов ептен се бунам. 7+ или 8+ е и тој? Дали и друго месо да воведам или можам сега тој? 100 каши имам (подароци од нова година) со глутен... да почнам да ги користам, ми сметаат во фрижидер Како оди, млечни прво или глутенов прво?
Јас не ги чувам кашичките во фрижидер секако во продавница не се таму туку по рафтови им се наредени. Јас ги имам ставено во торба и во плакар .. иначе смееш пилешко мисиркино да даваш. Грчки јогурт, к.млеко, јогурт, глутен, путер, манго, вишни, цреши ти се од 7+
Не мораш во фрижидер. Мене ми стојат во ладна соба. И јас имам една торба од нова година. Јас глутен воведов после 7, со готова ноќна каша од Хип. И после некој ден млечни- урда, грчки јогурт и обичен јогурт. Грчкиот слабо го користам. Од месо можеш и пилешко. 7+ јас и вишни дадов.