Ма мојата ич не е јадач, ништо несака... Само авокадо блендирано со вода и шмукалчиња чат пат. И почнав млечни да и давам и ми бљуцка у млазови... Сеа ќе направам пауза месец дена па ќе видиме пак... Инаку многу густо да не го правиш, по некое правило 1/3 тоа и 2/3 овошје или зеленчук е...
Како да ја подготвам црна слива замрзната., имам апарат на пареа но не знам дали да ја ставам замрзната , и колку време да ја варам
Имаш во проспектот за секоја храна колку треба да се готви. Остави ја малце да се одмрзне на собна тем и после стави ја да се готви.
Моето зелено какакаше од семолината. Не му одг. Јас ја баталив. На Нутрино зедов мултигреин, да имам опции за вечера. И подобро ја прифати.
Па веќе воведувам глутен така да ќе и дадам и обичен гриз баш ме интересира дали ќе сака.. мора нешто да кликне веќе аман.
Катастрофа е, зедов и јас и овесни и мултигреин само чекам да поминат барем десет дена од ревакцина па ќе му воведам Се надевам ке го бендиса
Луѓе риба кога се воведуваше? Моево дете, денес во градинка го нараниле риба, 9 мес е, ни на крај памет не ми беше дека треба и тоа да воведам.
Јас уште од 7 и пол месеци или 8 дадов лосос Ни на крај памет не ми текна дали беше исправно, ама супер си нема реакција
Најдов кое и е омилено јадење на беба! Леб сакала да глода душата па и сеа тазе печено од фурна и земав се изнашмата.... @Tea SK врв!
Среќа научен е несакајќи да му се воведува Земи и на Хип има едни бебешки бисквити, мојов ги глодаше вчера 3 саати надвор.
Мајки денес прв пат дадов од оризот на хип со ад направено. Дали утре можам да го комбинирам со веќе дадено овошје или зеленчук?
Остај олеснителна околност ептен... Како им послужуваат риба во градинка? Со млеко се, треба да и правам јас бисквити сеа...
Ја изначитав темава ама пак да прашам Опциите за вечера тука што ги најдов се: - овесни снегулки или палента со јогурт, кисело млеко, урда. - млечна каша што се прави со вода Бејбилов, Хип итн - гриз/палента варена со вода и малку овошје за вкус Жолчка читам не требало, мн е тешка за вечера.. Друга идеја?
Просото мислам секако е без глутен, затоа и не нагласуваат.. Јас земав 800г што е пакувањето, а од истото има и кило. Ако се сеќавам беше накај 300 ден. Фрлена ми е ќесата, ги чувам во тегли..