Имаме воведено прв оброк, житарка+овошје. Си ја јади цела кашичка. Некогаш сака и повеќе. Дали е ок да му дадам уште малку? И во врска со воведување месо, сакам пилешко да му дадам. Со што да го искомбинирам најпрво? И колку пати се дава? Исто е како со овошјето и зеленчукот?
Јас давав колку што сака оброк. Некогаш не сака цела порција, некогаш јаде се. 2 лажици од житарка со вода и 100 г овошје. Месото се дава 3 дена по ред. Искомбинирај со зеленчук, како што јадете вие. На пр: пилешко со кромид, морков и компир. После: пилешко со брокула, морков и ориз. Нормално ако ги имаш воведено и останатите намирници па само пилешкото да ти е ново. Јас правам миксови што ние ги јадеме.
Имам воведено се од нив да, само што не го обожава многу зеленчукот, па малце ќе треба да се помачам А на почеток баш убаво си го прифати Фала ти
Моето го снимав како се гади на брокула. Ама солена ваква комбинација нема одбиено. Малку мевце, малку од водичката во која се варело му стави и стави со компирче ако со тоа повеќе сака. И за прв пат месо кога даваш изблендирај добро, зошто нели влакненца се и знае да им биде чудно на непцето па да одбива. Да биде мазна каша како тие што ги јаде до сега. После можеш и покрупно. Јас барем така правев. Сега компир пасирам, а месо и кормид и морков блендирам ама оставам да се подпознаваат.
Набавив од некое планинско село една кокошка. Мнг убава и голема. Сосрма различно мириса од ова што го купувам од маркет.
Леле моето од компир и морков така се гади, дури и нагон за повраќање му идеше, не знам зошто хахаха Колку мевце од прилика да ставам? Знам дека не треба којзнае колку како за прв пат
Хаха, со млекце пробај направи му го компирчето. Со твоето или формула ако даваш и потечно да е. Ако прифати така. Јас од 6 месеци почнав да давам и давав како пола од малото прсте така ми објаснија. Мнг мало парче телешко ставав. Од 7+ веќе скоро дупло од тоа давам. Читав некаде 50тина грама, ама баш пилешкото го мерев и 30тина грама зготвено мене ми се чини макс за сега.
Нели ние сеуште паузираме со млечно, а тогаш кога и дадов првпат грчки со вишни и малку гриз и го понудив. Ова исто предобро и за сладоледчиња е...
А гризот со вода спремен? Јас немам правено до сега, само овие на Hipp имам давано. Ако можеш да споделиш се вари ли тој како палента?
Дали им давате на бебиња над една годинка печурки , припремени на путер и потоа динстани. Знчи убаво термички обработени, ама сепак дали би дале печурки? Да не е мала? Имав рижото дома и и дадов од печурките, многу и се допаднаа, само повторуваше пак, пак..
Па баш од таа семолината на хип имав ставено. Тогаш немавме глутен сеуште воведено. А сега со вода гризот го спремам зошо несмее кравјо беба. Од прилика 1 лажица на 50мл вода иде гризот ама на секоја амбалажа си пишува институции. Дури и побрз е гризот од палентата. Вие почнавте со глутен?
Да, со едни каши куповни воведов. И манго воведов, за да ја истрошам и таа каша со манго киви и јаболко. ама некако не ми се брза со киви.
Мцни си ја ти, што ќе чекаш ќе ја мислиш цело време после годинка е киви? ... Јас несекајќи колку со јагоди иам купено... Штета несакам варени јагоди
И ја две со домат и имам земено баш од дм, незнам таму кога одам све погрешно и купувам. Ко денес овие 2 со јагода... Манго купечко воведе или готова каша? Јас да ти кажам купив едно манго 2 недели го јаде, по малку и ставам у кашичките овошни
Аи леле бе Некоја магија овие од дм ни пуштаат А свежо рендано му даваш на беблац или све ти е сеуште термички обработено?
Здраво на сите. Почнавме со дохрана, дадовме јаболче(го сакаме )… дадовме морков (не го сакаме) и денес сакам тиквичка да дадам. Ја варам и блендира и дали да додадам АД млеко во неа или не? И според мислењата на форумот компир после 6 ти месец така? А батата компир може сега или да почекаме? Различни листи има по форумов и на нет, нашиот педијатар не ни даде конкретна листа само ни кажа да почнеме со вкусови. Ако може совет. Сакам да менувам овошје зеленчук да не е од старт само јаболко..кајсија итн. Зошто благичко и е па да не не ми го сака после ова зеленчуков блуткав