Измешај со морков, кога веќе имате воведено нешто, правете комбинации со тие продукти. Колку месеци е бебето?
Јас па одма дадов компир, тиквичката ја сварив мн малце да омекне и ја изблендирав со водата кај што се вареше. Иначе давам по два дена зеленчук па овошје
Мајки кој овес го давате? Гледам на секој овес и просо (наменети за возрасни) пишува дека може да содржи траги од сусам, јатки, глутен и не сум сигурна дали да ги давам?
Како го правитее гризот оној плавиот со бебе? Читам се прави со млеко дали може да се вари со вода и да се додаде ад после малку па да се стави и нешто друго пример банана јаболко или ? Како воведовте жолчка? Од кој боровинки давате? И каква урда?
Јас тој гриз го правам со вода и додавам отпосле овошна кашичка. На 100 ml вода ставам една лажица гриз. За да биде вкусно додавам готова кашичка од овошје или пасирам и додавам банана.
Само банана и авокадо давам свежо. И јаболче и крушка донашна му имам гребено со лажиче со мене да јаде. Друго преработено. Мислам дека после 1 год можеше свежо или не?
Таков гриз немам дадено. @Tea SK имаше споделено за жолчка како давала, и јас така. Веќе јаде цела. Боровинки немам купено, ама воведов со каша на ДМ. Ја јаде и немаше реакција. Урда оваа. Млечна е, не е од сурутка.
Од Кит-Го Штип ја земав. Сигурно ја има и во поголемите маркети во Скопје. Кај нас во Астра маркети- Свети Николе, исто ја има.
Рендани како парченца јаде? Ми текнува на форма на рендан морков, таква ли форма добиваш? Јас печена пасирана давав ама не ми ја сакаше. Како да се гади ми прави фаци. Срцката твоја јаде така парченца рендани?
Немам прочитано за жолчката дали може да ми пратиш неможам да го најдам .. ќе ја побарам урдава во кит го. И ако може слика од кашичката со боровинки
Штом е од млеко, со лактоза е. Овие вежбачите ја пијат сурутката дека е богата со протеини и за покачен холестерол. Во Хип млечните каши, на сите пишува дека содржат сурутка. Баш ке видам ако го најдам ситново сирење што навеле под состав. Секако фала ти што сподели.
Да баш така рендано... Е сеа коа ќе изрендам поминувам со лажица као ги ,,сечам" да не се предолги. Многу е подруг вкусот свежо... Ова варено све е ептен благуњасто. На крај краева може и да се обарени ама не да се гмечат, пак да има структура некоја за да може да се изренда... Комбинација печено и свежо... Уште топла вода да измислам за да јаде Абе јас и давам цело парче од прилика 4х10, корка она си кине си го топи, си јаде. А запче, у процес е. Убаво читав, бебиња учат да џвакаат со вилица.
Јас исто со вода го варам гризот и додавам овошје, банана, јаболко, круша, што имам дома тоа. Мојава многу го сака гризот со вишни. Млеко не ставам, освен некогаш кога давам за вечера со мајчино. За боровинките, дадов замрзнати од кам, немаше реакција и тераме со тие. Жолчка почнав да давам некаде околу 8 месеци, два пати неделно, од кои само првиот пат дадов осмина, после продолжив со четвртина, уште една недела два пати четвртина, па една недела по половина и последната недела цела жолчка. Давав или вторник и петок или понеделник и четврток, значи со размак од два дена, ама гледав да биде во денови кога нема месо.