Па не, од тоа што гуглав веќе е испукан и спремен за јадење. Другото што е за варење искрено многу пари ми се виде за нешто што ми е некако сомнително на вкус.
Чим имате проблеми со какање слободно слива воведи. Во Тинекс има на рефус убави суви сливи. Незнам како се со шеќер, мене не ми личеа дека немаат додадено. Исто така пази со печен зеленчук. Прави запек зошто додека се печат испарува доста вода од нив.
Јас му давам млечна со банана на ДМ, ама сакам да ги пробам и овие. Е сега оти козјо млеко, па не знам дали се препорачува...
Убава е таа со банана? Ја зедов уште ја нема пробано. А оваа со козјо му ја давав на големиот си ја јадеше немаше проблем.
Таа со банана е ептен блага, па сите ја јадат, нормално. Мојата ги обожаваше овие со козјо млеко, ама она и на холе козјо е.
Бебе е скоро 5 мес, на доење и ад сме. Кога треба вода и сок да се даде? Од каде читате за исхрана, оброци, вкусови? За еден месец ќе почнеме, па да се информирам за се.
Кога ќе почнеш со воведување вкусови нуди и вода, на почеток може нема да сака ама со тек на време ќе почне да си пие
Синко цело време со козјо тераше. Имаше алергија на кравји протеини, прво му купував козјо формула од холе, за каши што се прават со млеко, 3 години е ден денес се му правам со козјо млеко од Олимпус му купувам. Кисело млеко исто козјо, сирење козјо, јогурт кога наоѓам исто козји му давам. Поздраво е каде каде козјото. Ја надмина во меѓувреме алергијата ама пак продолжив со козјо.
Да, знам дека е поздраво. И јас планирам ако нешто не прифати кравјо после 1г, ќе пробам козјо. И јас пијам само козјо, пресно, кисело, сирење козјо, јогурт... Уште кашкавал да почнат да прават
@Aschenputtel кашата од ДМ со банана како ја правиш? Купив вчера, мерев вода и каша според упатството ама многу течна ми излезе. И кога се олади скроз исто претечна беше.