Дали 6ти месец е рано да се воведе втор оброк? Докторката на вакцинален пункт ме искара зошто само еден оброк сум давала, било премалку...
@Aschenputtel ја земав кашата со боровинки што е, многу чудно реагираше беба, пак некој вкус на АД има. И јак е козјиот вкус. Ќе пробам утре да и ја разредам или измешам со друго овошје.
Не е густа многу со 5 лажици? Ја пробавме денеска, со 120мл вода измешав две лажици полни се јадеше, да ставев уште пола лажица таман ќе беше..
На упатството пишува 6 лажици во 150мл вода. Ама ретка ми е така. И јас намалив на 120мл. И додека оладе, се згусне и таман е. Не знам како со 2 ти е таман.
Се снајдов готово го преведов упатството на германски шо е.. Затоа детево двете ги исцица пред спиење и уште бараше Ама нашиве со преводот шо да ти кажам Едит: нема гајле шо ја сркна ретка а?
Има и кашкавал во Кам сум купувала. Млеко козјо од Олимпус тоа не е свежо, пастеризирано го има во Кам, Тинекс, Веро, околу 179 денари е. Млеко исто има и од Збрегов тоа во Тинекс или Веро, Расмстор. Којзо кисело млеко исто во Кам има од Георегиеви ама на паковањето пишува Лабрадор, од Кораб Трница сирење козјо имаш скоро во сите маркети, и козјо кисело млеко. Е јогурт козји сум наоѓала само во Веро Џамбо во маркетот. Козја сурутка имаш во Кам. Мислам се опфатив ако нешто промашив пиши. Формула козјо млеко од Холе само во Зегин има.
Офф да, не ти спомнав за таа грешка. И јас видов, ама обично читам на германски и нешто кога купувам на германски веб читам рецензии за било што. Преводот ужас.
Не сум видела кашкавал, тука немаме Кам, кога ќе одам во Штип ќе побарам. Јас земам домашно, така пресно го пијам. Кисело има и на Милкано во Стокомак, а тоа Лабрадор го имам земано и во Кипер. Сирењето на Кораб Трница е екстра, тоа го јадам моментално, а има и на Стокомак Милкано и мислам едно Вардарец, дали Валандово или Гевгелија, и тоа го има во Стокомак. Јогурт најдов во КитГо на Георгиеви.
Фала ви на информациите, Јас само кисело млеко и имам земено тоа од Лабрадор но беше премногу кисело. Гледав на нет дека има и Кораб Трница козјо кисело млеко, ваљда тоа не е толку кисело. Значи има продукти, само јас тука не наоѓам.
Здраво мајки, колку грама пилешко да ставам за почеток , денес ке проба прв пат, и кога повторно да дадам , колку пати неделно се дава точно 7 месеци сме , фала
Од која возраст почна да даваш млечни козји продукти? И син ми е со недокажана алергија на кравји протеин па до сега не му давам млечни работи, уште малку 9 ќе наполни. Сакам да му дадам нешто млечно.
Од 7 месеци му дадов, како почнавме со млечни се исфрли и направив 1 недела пауза од млечни и после продолжив со козји производи, на 7-8 месеци кисело млеко само и јогурт ако најдев. Сирењето подоцна после годинка му дадов мислам. Можда и порано не се сеќавам ама му го киснев во вода за да не е солено. Со второво сега ич не ни пробав кравји производи директно козјо исто на 7 месеци. Исто има и козји грчки јогурт од олумпус тој исто му давав со палента од 7 и пол месеца. Или со овошје како овошен јогурт. Едит: алергија може да не е протеини туку од додатоците што ги има во производите. Зависи што нудиш, синко со тек на време почна и кравјо да јаде ама само бучен козјак, горгиеви и кораб трница. Битолско ни под разно само адитиви е. Состав ужас.