Да, купувам 600-700г, го сецкам, го варам, останува накај 400г и го пакувам во теглички. Ставам 30-40г мевце и водичка. Вадам сабајлето или од вечерта од длабоко во обичен, после си го готвам плус со зеленчукот. На почеток не ми го прифаќаше баш изгледа вкусот јак му беше и баш тие каши помалце ги јадеше. Сега овие 2 нед ручка све, цели 200г
Таманка сте Предобро е со путер, убав вкус дава. Јас сум фанатик по путер. Ама еве беба грчеви имаше кога и давав пред да сфатам за алергијата.
И мене ме интересира истото дали од одма да и дадам цел ручек или пак да воведувам по неколку лажички ?
Јас мало парченце зготвив со зеленчук и дадов да јаде. Она тек сега почна да јаде по повеќе лажички, не дека и се убави оброците и цели да ги јаде, ама и на ова сум среќна. Инаку е 7 месеци.
Првиот пат му дадов околу 15-20г измешано со зеленчук како ручек нели Си изеде се, пробав и јас не се ни осеќаше мевцето..ама кога почнав потоа да давам по 30-40г некако ми се најадуваше со 120-130-150г максимум..Или не му се свиѓа или го заситува не знам..Посните каши ги јаде цели 200г, со жолчка сега исто. Инаку само првиот ден дадов помалце, после секогаш 30-40г и воведував ден мевце, посно, мевце, посно, мевце не ден по ден Се надевам помогнав Сега давам 4 дена месо, 2 жолчка и 1 посен. Препорака од матичната заради железото да не му падне.. Инаку жолчката исто по препорака ја воведов забрзано со 8+, првата недела 1/8 и 1/4, втора недела пола и цела. Без реакција, супер си е, си ја јаде.. Е сега за белка да прашам како сте вовеле и кога? Матичнава ми спомна после годинка, исто по малце ден два..ќе и пишам пак деновиве
Мајки совет, вчера му дадов да проба крушка околу 20 грама изеде. Вечерта ми поврати, исто и во спиење ноќта, сабајлево бљуцна и цела ноќ има гасови. Може се ова да е од крушата? И дали треба да ја паузирам?
Која е разлика помеѓу палента и пченкарен гриз, имам дадено од хип од тоа што се прави само со топла вода или млекце, не знам дали палентата исто да ја воведувам или да рачунам како воведено?
Ако си дали палента или пченкарен гриз, секако си дала пченка. Сега давај си кое и да сакаш од двете.
Ти благодарам, тоа ми беше збунка дали двете треба посебно да се воведат, да не губам денови само, битно ми е што повеќе да има пробано дека ќе оди во градинка.