Дали некоја мајка може да сподели како се воведуваше жолчката? Читав тука, ама немам направено screenshot.
Edna osmina pa 3 dena pauza pa edna cetvrtina pa 3 dena pauza pa pola zolcka pa 3 dena pauza pa 3 cetvrtini pa pauza 3 dena i posle cela zolcka
Здраво, бебе за недела ипол ми е 4 месеци, матичнава ми спомна од 4 ќе сме почнеле со воведување храна ама некако малечок ми е уште, сега дури почна колку толку стабилно да држи главче. Наводно ако сум почнела покасно немало да сака да јаде, ќе одбивал храна и ќе развиел анемија. И држи ли вода муабетов? Инаку само на доење сме бебче супер си напредува, 7ипол кила е и 65см. По 1200грама качува некаде месечно +/- 100грама
Рано е. Денешниве доктори мислам се само за паника да направат кај една мајка. Супер си е со килажа, плус и ако е на доење, се препорачува од 6ти месец да се започне со цврста храна
What? Добра ли е таа? Прерано е, и нема потреба. Накај 5-5и пол, па и 6 е таманка. Дали се здрави бе педијатриве… Дој бебе и уживај.
Педијатри така препорачуваат, доволно хранливо му е мајчиното, освен ако не напредува со килажа, па да треба порано да се почне. Вас како ви оди?
Никако, ќе паузирам недела до две. Се плука, ама буквално се, нема лажиче голтнато. Изгледа не е спремна уште, на доење сме само.
Јас почнав на 4 и една недела со вкусови. Додека испроба се што е почетно, од 5 полни му воведов доручек оброк. Јас почнав рано оти млекото не го заситуваше, бараше на 2 саати, ретко повеќе издржувал, а и педијатар ми препорача. Ама, не ми спомнала дека ако е покасно нема да јаде или слично.
Вчера бевме на контрола, син ми за 1 недела ќе биде 10. Ми рече дека можело со белка да почнам да воведувам. Знам дека е после 12м. Жолчка веќе јаде цела. Не знам дали да ја послушам или да почекам?
Да се надоврзам, кај нас овде ги оставаат алергените за подоцна, а во Америка пример, имам другарка таму, таму им велат алергените што порано тоа подобро. Ете нејзиното пример си има оброци со јаготка, а овде и јаготка до година велат да не даваш
Ради мрп вакцината треба да се знае дали детето е алергично на јајце, се става на 1 година иако сите ја ставаат покасно. Па како да даваме белка после една година а не тераат навремено да си ги вакцинираме децата? Овие педијатриве ќе не полудат, сите различно кажуваат. Иначе јас сега почнав со воведување белка, 11 месеци сме. Планирам да ја одложам мрп секако.
И јас планирам. Година прави крај на јуни, ама до септември нема да оди во градинка. Ке ја одложам до тогаш.
Бебиња на ексклузивно доење не почнуваат толку рано со храна, смени си ја матичната утре за друго ќе ти набие глупи ставови. Од 5ипол 6 се почнува, буквално нема извор кој може да го потврди нејзиното тврдење дека ќе паѓа на килажа ако не даваш храна на 4. Тоа па една храна што јадат на почеток, тиквата или мајчиното млеко е покалорично Плус, го провери ли она детето дали е спремно за храна пред да дели такви совети? Еве кои работи треба да се совладани пред воведување храна. https://solidstarts.com/readiness/
Ја свежо го давам, го рендам на ситно за у кашички. Ама можеш и да го вариш. На пример мојава несака свежа банана у кашичка ама варена банана јаде.
Особено тоа ме нервира што нема индивидуален пристап него се е по некој си шаблон, инаку баш истава статија ја читав пред некоја вечер и ќе следам знаци па кога си е бебе спремно тогаш. А докторкава ќе треба да ја менувам зошто често и се случуваат испади и знае да е незаинтересирана