Во смисла повеќе ќе разбирал на 6 месеци него ли на 4 месеци и затоа ако се почнело порано полесно ќе било да прифати цврста храна
Кај ќерка ми не се покажа ова точно. До 6 месеци само ја доев, одлично напредуваше, па почнавме со вкусови. Веднаш покажа интерес за храна, и ден денес е јадач, нема што не јаде, а и да може цело време ќе си гризе нешто. Така да, ако бебе супер напредува, јас не сум за почнување рано од 4 месеци. Ние даваме мислења, а секој си знае за свое дете дома, напредок, јадач не јадач итн.
Тие што имате два оброци, во кое време од прилика го давате ручекот ? Ние почнавме со втор оброк ама кога го јаде кога не, гледам да биде накај 14и30 до 15h ама некогаш воопшто не можам да му дадам. Доручек јаде после прва дремка околу 10и30. Ако може некој да пише редослед кога доење а кога оброк би била благодарна дека веќе не знам кој ред да го фатам.
И мојата исто, јас на 5 месеци и три недели, па и плус некој ден може имаше кога почнав со вкусови, до тогаш само на доење, па еве ја има денови кога и мене ќе ме изеде мислам плус уште си цица пред спиење и пред дремка.
Две деца имам, со двете почнав на 4 месеца, едното јаде другото не. Нема врска почнувањето порано со прифаќање храна. Само ако почнеш покасно, што побрзо да почнеш со пасирано, рендано, сецкано. Да не дојде на година со заби еден куп и уште да јаде блендирано. Тоа е многу побитно отколку дали ќе почне на 4, 5 или 6 месеца со храна.
Иста е, само јаде, среќа па е височка и премн бесна па не е буце е ние со цицањето завршивме, баш деновиве ја одбив
Леле јас си викам бар до година ипол да цица па ќе ја одбивам, таман септември, да помине летотот, па ќе видиме како ќе оди. Немаме некоја мака, си преспива цела ноќ, ама кога ќе и текне на цице ми се чини у сред град ќе ме соблече.
Иста беше, и цицалче и јадач си е, за тие теми немав мака. И она е скоро година ипол, затоа реков доста е со цицањето, чекав зимава да помине. Среќа па брзо и лесно сфати дека е крај. Вие терајте, ехее има време до Септември
Не е ни за слушање. Бебето ако убаво напредува, каква врска има на какво млеко е? Мислам...се' ќе слушне човек од приучени педијатри.
Членката пиша со доење се препорачувало од 6, не знаев па затоа ја прашав. Ние сме на доење, па затоа.
Нема врска на доење или АД. На било какво млеко да е, ако бебето си напредува убаво, со цврста храна се почнува минимум на 5.5м.
Мислам дека нема правило. Јас месо воведов на 6, железото му беше на граница. Резервите на бебињата им служат првите 6 месеци, после им треба да внесуваат преку храна. Матична рече дека преку моето млеко мнг малку примало бебе. Немаше никаква мака од телешкото и мнг ми ги сака тие ручеци. Јас заради ова би почнала со месо. Другото како сакаш.
За некој ден полниме 7 месеци и веќе цел месец е со еден оброк , е сега сакам да и воведам и втор па ме интересира со што да почнам со месо и кое прво да го дадам или млечните продукти ?