И во странство секаде препорачуваат алергените порано да се даваат, само кај нас уште тука е различно
Ќе почнуваме со вкусови па треба да нудам и вода Каква вода давате? Планирам ладна купечка, дали ја превривате или ја давате така ?
Од кога сфати дека јас пијам од чаша и сакаше да проба. Тоа беше пред да почне да јаде. Прво нејќеше одма после јадење, сега зошто е жешко повеќе вода сака. Би требало штом почнете со цврста храна да го понудиш со вода
Почнав пак, малку јадеше банана, и малку слива има напредок, со лажење дека јас јадам па нешто лижам уста њам, њам правам и така некако сака. Сега зеленчук ќе внесам, ќе пробам и водичка. Имам Нера Критис дома, само така да дадам?
Досадна сум со ова, ама вода не се преврива, само беља правите така. Со вриење само ја зголемувате концентрацијата на натриум. Водата испарува на 100 степени, а натриумот има точка на вриење над 800 степени. Така да баш ништо не постигнувате со вриење. Не го мешајте ова со дестилирање на вода. Подобро да се даде обична чешмовача отколку превриена чешмовача. Во купечките соодносот на елементиве е поинаков и се дава така, иако таму друго зло е што многу долго стојат во пластиката.
Мајки, маслата пример маслиново, кокосово и зачините пример цимет како ги воведувате ? Исто како и се останато ?
Не вриј вода, слободно давај од таа, јас така давав. После една год почнав да и давам од филтер, сега таква пие.
Јас кога почнав со вкусови почнав и вода да му нудам, првично од шише и скоро па ич не пиеше, па успеав со лажичка, сега веќе 2 месеци јаде почна и повеќе да пие.
Битолска и давам. Кај мајка ми на Николови имаше и таа ја јадеше. Само да е млечно и ладно кај мојава.
На 7 месеци, млечно прво и тоа непланирано. Јас јадев и она директ во уста ме гледа и и дадов малце и кога почна да бара без стоп беше. Месо едвај јаде, ама камуфлажи правам и ќе касне нешто.
Смеат да јадат полномаслени така ? Уште немам воведено дека освен овошни ништо не јаде пробав со кисело млеко неколку пати не отвара уста, месо малку пилешко друго никако несака
Прашав и во други теми ама не добив одговор, ќе ми кажете ли распоред на јадење за осум месеци? Има две јадења, доручек и ручек ама се се плашам да не ја прејадувам со формула!
Друштво пилешко месо од Фармата на Тони можам да дадам на малово? 8++ е, досега само од кашички сум давала. Ако не од Фармата на Тони од кај да најдам домашно пилешко?