Еве ние од 5 истиот проблем. Ќе паузирам јас до 6, па ќе почнам. Се плука, сма буквално се. На доење сте?
И јас ставав во секоја каша јаболко на почетокот и така почна да ги јаде зеленчуковите, инаку ми ги одбиваше, да пробаш така.
Со пашканат пробав, немав успех. Кромид немам дадено, ама ќе морам да пробам, можеби ќе му биде повкусно. Некни му дадов свеж, го вртеше низ уста, немаше гајле хахаха. А ова со јаболкото уште утре ќе пробам, дај боже да успее. Ако не, ќе си јадеме само овошје
Здраво мајки. Бебе е 10 месеци, во два дена извади 3 забчиња прв пат, една недела одбиваше да јаде. Исто така предходно некој период а гледам и сега продолжува јаде ептен по малку. Пробав секакви начини, му давам и домашни и купени каши исто. Нема ни цел оброк дали 100гр ќе изеде. Млеко пие два до трипати дневно истотака помалку во споредба со предходно. Месо плука, пробав парчиња да му давам за сам да јаде или ќе касне па ќе се поддави, или фрла. Многу е нервозен на моментиедвај пелена му менувам. Инаку е ок, весел, лази се исправа не застанува ама ова со нејадењево ме загрижува. Молам совет, ви благодарам.
Ако вади заби до тоа е. Мојата е помала, ама и со првото запче, а еве и сега со кецовите горе е исто. Ја приметив дека сака кашата да и е ладна. Пробај така. Може ќе му дојде на бебуш убаво на непцата. Пробај кисело млекце или грчки по една две лажици во кашите, ама да се поладни. Пробај се, ништо нема да изгубиш. И мојата кога како сака јаде…
Здраво со што се почнува со зеленчук или со овошни каши кај 6 месечно бебе од искуства? Имаме уште еден месец и сакам да се запознаам како започнавте да ги храните вашите малечки?
Мајки воведов глутен со гриз, е сега пример спелта, пченични снегулки, пченично брашно нема потреба пак по 3 дена така ? Некако сум збунета дека во табелата се посебно набројани па не знам како да правам
Немам нарачано а знам дека се прескапи. Имаш сетови за хранење во Пи Ки, пребарај на Фб и инста, по пристапна цена, 790 или 890 беа мислам. А имаше некој и од Тему истите што ги порачал ама не памтам кој беше
Треба да воведам кисело млеко, јогурт, урда и павлака па се мислам од која фирма да дадам, што давате вие?