До кај 13 ч. се дава вкус, да се следи за реакција. 2-3 лажички (ако сака не со сила). Компирот лупен, варен блендиран / пасиран.
Сакам да воведам риба, бебе е 11 месеци. Каква риба им давате, знам дека треба да е слатководна, пастрмка? Купувате свежа или замрзната? И дали смеам да дадам крап, преспански? Свекор ми е рибар, па најсвежа ќе ми биди. Скобус, мрена, тие? Ич не знам за риба, не ја јадеме дома скоро ич, кај моите само ослич се јадеше И со што комбинирате риба? Сакам веќе на парченца да преминувам ама не зачинето, ништо нема вкус само по себе, па затоа уште пасирам, измешани вкусови друго е.
Мајки 7++ сме, сакам да воведам жолчка, педијатарот ми кажа да ја воведам исто како и другите намирници, 3 дена да давам по 1/4, па после по 1/2 па цела со оброци, ама воведување во да биде 3 дена тука читам други шеми за воведување па цела сум побркана... Некој вака да вовел? И белка дали некој вовел пред година ? Дека ќе почнуваме во градинка па мора да убрзаме...
Јас воведов според една шема што @Tea SK ја беше кажала. А белка почнав вчера, осмина дадов. Скоро 10 ипол е. И педијатар ми кажа да воведам пред година, дека може.
Јас дадов жолчка пола, па за 3 дена цела. Комплицирана ми беше шемата. Немаше бебето реакција. Белка уште не сум, ама кај и да е и тоа би вовела. 9+ е бебето.
Два пати дадов по 1/4. После два пати пола и дадов цела. За белка ни е рано, ама баш ќе ја прашам на следен преглед педијатарката, кога би можела да и дадам.
Бебе почна со вкусови, ок ги прифати ама е многу раздразнето овие два дена како да го боли стомаче плаче и се буди. Можно ли е да му реагира стомачето?
Шемата е една недела воведуваш по 1/8 преку еден ден, па после 1/4 преку еден ден, па 1/2 и на крај цела. Ти доаѓа цел месец жолчка да воведуваш. Јас за големата така терав, за малиот се погубив и за 1 недела цела му воведов. И белка одма му воведов на 9 мес. Немаше никакви реакции.
Слатководни, пастрмка најдобро. Најдобро давајте риби од наше поднебје. 10-12 месеци може да се воведи риба.
Дали на 8м бебе може да се даде рендано јаболко, а да не е сварено? Дали имате давано? На инстаграм видов едно видео сега, мајка на 8м бебе му дава така да си јаде само. Јас освен кашички досега, ништо му немам друго понудено
Можеш со било што, најлесно дај некоја ноќна кашичка или семолина помешај за доручек со некое овошје што го сака