Од кам, од пазар од било каде. Различен ден ги пробуваше, скроз различен вкус имаат, обичниот не го сакаше, бататот го обожаваше.
Колку количински грчки јогурт давате на 10м бебе? Син ми во еден оброк цело канче јади од Олимпус ама гледам доста протеин има. Се мислам да не му е многу цело да го јаде?
За количина неможам да ти одговорам, но читав дека е пожелно да се лимитира млечен протеин на бебиња и мали дечиња.
Компир од пазарче, млад, а ако мислиш дали и двата посебно се воведени, јас да, посебно батат посебно компир воведов.
Се мислам дали да почнам полека со вкусови, бебе е 4месеци и една недела ама е баш крупен 8кг е и 70см. Само на доење е но многу почесто ми бара да цица од порано дали не го држи не знам, сакав барем од 5 да почнеме полека со вкусови ама се мислам зошто не можам да постигнам некогаш, се случува на празно да цица
Според мене штом добро си напредува, немаш потреба толку рано да почнуваш, баррем до 5+. Сепак сметам подобро е со педијатар да се советуваш да видиш што ќе ти каже.
Јас почнав исто на 4 и 1 недела. Ние бевме на ад, ама не го заситуваше, бараше на 2 часа. И мојот беше тежок, а и лаком од бебе. Додека воведов тоа што е почетно скоро цел месец, од полни 5 почнав да му давам доручек. И педијатар ми кажа така да почнам.
Педијатарот ми кажа да почнам од 4 и реков ќе почекам барем до 5, ми кажа ти си знаеш. Работата е што многу често бара да цица, не можам надвор да го изнесам да го прошетам а и плус некако млеко ми намали од вчера ноќеска влече 3 4 пати на 5то голта
Органска храна (зеленчук и овошје) каде да најдам во Скопје? Од каде купувате? Моите се' имаат, ама не можам да одам на неколку дена за да зимам свежо, четири часа возење е...
Како блендате компирче? Имам нутрибулет, па некако ако не е течно не може убаво да се избленда, ставате малку водичка?
Мајки каде наоѓате органски јаболка или давате од готовиве кашички? И ако отворам готова кашичка за пробување може ли и вториот ден да дадам од истата?