На почеток и јас давав се варено, после почнав свежо, варено па со пасатор, за нутри булет количински е малку за да се изблендира. @confidential можеш да дадеш слободно и утредента од истата кашичка само кога ќе ја отвориш не давај директно од неа туку издвој си на страна колку мислиш да дадеш.
Не би давала таква. Таа што ти ја постирав Златибор е со 1гр сол на 100гр. И јас на почеток тука прашував, ми кажаа мора да има малце. Ама, сега видов на канчето, пише природен натриум. Веројатно нема додавано, што знам...
Нема никаде. Пратив и во Ресен луѓе да бараат, има таму склад на органски јаболка. Ама сите залихи им се распродадени за цела година. Дури на есен следно... Има само сушени органски јаболка, ама што со тие... Еве ако знае некој, нека каже. Ги поминав и сите големи маркети - Веро Џамбо, Тинекс Деликатес кај Беко и тн, нема никаде ништо од органско овошје и зеленчук.
Јас како малку неука на темава, зошто мора да е органско овошјето? Јас планирам овошје, зеленчук, месо, јајца и сл. да си купувам како за нас што купувам од обичен маркет, локална месара или пазарче.
Дека се' е прскано со хемикалии, пестициди по кој знае колку пати. Не можеш да знаеш поточно потекло и како е одгледувано. Плус почвата е презагадена. Органското е побезбедно и почисто. Ама научна фанастика е да се најде. Само ако сам не си посееш, или како јас што имам баба и дедо што само прашок и кафе купуваат од продавница и друго е се' е домашно и органско. Ама не живеат во Скопје само.
Мајки сакам да воведам блитва па да прашам дали 2-3 дена ја комбиниравте со нешто веќе пробано или само блитва? До сега се што воведов не мешав по препорака на педијатар, ама па само блитва не ми оди..
На пазар, ако знаеш да ги познаеш нетретираните производи. Јас јаболка зедов од кај една бабичка на зелен пазар.