Реално па зимово со воведувањето не ни ни требаа којзнае колку овошја и зеленчуци. Мојата беба и онака не е јадач засега. У главно е на млеко зошто ја дојам. Секако и правам и храна. И те како се гледа по пазар што не е третирано, па бирам што купувам, ко што спомнала @lala15 Пред некое време нарачував од Green Republic Башка зимам и од околните села што најдам по луѓе. Јајца домашни. Козја павлака од Кози Млеко Планина зимам. Козјо млеко за поткиселување исто од кај нив. Тоа што не е сезонски си купувам кашички или шмукалчиња, најчесто на Холи.
На инста исто така има неколку профили за домашни јајца и пилешко што ги следам на пример фарма Четирце, zamrznato sumsko ovosje (овие имаат и органски малини и капини и се со ок цена), farmerboy е продавница за органски производи, на Теодосиј Гологанов се наоѓа, итн., сакав да кажам на социјалните мрежи можат да се најдат квалитетни производи и со ок цена, ама реално и скапи, само треба малку повеќе истражување и да се осигураш дека производите се квалитетни. Е сега малку оф топик, ама сакав да кажам за органското, нема потреба да давате еден куп пари за зеленчуците кои се продаваат по продавници како органски, можат да се најдат квалитетни производи по пазарите и од локални земјоделци кои си садат на своја земја во не многу загадена средина, на пример подалеку од Скопје и неговата околина, а и водата која се користи за наводнување е чиста, најчесто од некој извор во близина или бунар. Органските производи инаку се третирани, само не толку многу како неорганските, односно со пестициди кои се помалку штетни. Сакав да кажам, за мене подобро е од некој локален земјоделец или бабичка по пазарите да си земам скроз не третирано или минимално третирано, отколку да ги преплатам органските производи. Истото важи и за млечните прозводи, погоре прочитав една мајка пишала не би земала од пазар урда, јас мислам дека стопати подобро е домашна, од пазар отколку купечките кои и неретко имаат и палмини масла и сл додатоци, секако само да се дадат добро термички обработени за да се сигурни за конзумирање. Едит: Житарки, тестенини, намази и сл. има во дм, сѐ што е на дм био мислам е органско, исто и кашичките и од дм био и од бејбилов.
Немам отидено на зелен пазар долго време... Пазарот во Ѓорче ми е најблиску и таму одиме. Ама освен една бабичка што се жали дека децата и спијат и бараат пари од неа, другите сите ми изгледаат препродавачи. Ќе отидам може и до зелен пазар да си пробам среќата. Иначе знам да познаам, цел живот само такви јадам. Затоа и не можам асално да најдам.
Час сум На Битпазар на главната улица насабајле пред/околу 7 се искочени бабички со по неколку работи.
Коа ќе најдам органско по прифатлива цена купувам. На пример 90 денари за кило органски јаболки не ми беше скапо пред месец дена кога реално у пиљара беа 60. Не сакам да се расфрлам со пари кои воедно и ги немам, бев антиконзумерист на најјако се дур не дојде беба Ја таков човек сум од ништо нешто правам, ама искрено гледам да избегнувам третирано. Почнувајќи од моментот што со тие плодови неможам ни да направам ферментација, што понатаму.. А за дм... колку и да е во ДМ био и органски, тоа е процесирано и пакувано. Не дека не купувам, баш напротив, дм био, бејбилав и Холи ми се имиња со прифатлив процес. ама избегавам амбалажи. Не сум никаков репер, и можам да добијам многу критики или аплауз, но тоа е начинот на кој функционирам.
Јас па обратно, конзумерист на најјако бев пред бебушот, сега откога се роди, а малку и во бременоста, кога почнав да ги истражувам работите ептен почнав поинаку да постапувам и во поглед на храна, и во поглед на средства и хемикалии, како и козметика. Секако, секогаш гледам да направам баланс помеѓу цена-квалитет, ама горе долу гледам квалитетното да е малку или незначително поскапо од неквалитетното, т.е. што би се рекло, да не ми удри по џеб. За дм да, се сложувам, за кашичките и јас сум делумно против оти домашно си е домашно, безразлика дали е дома зготвено или купено од македонски производител, ама производите како житарки, семиња и тестенини се далеку поквалитетни отколку оние по маркетите, со сомнително потекло и никаква декларација. Од мене имаш
Мајки за 5 дена ќе полниме 6 месеци.Од вкусови имаме пробано јаболко,крушка,банана,слива,тиква,морков,батат компир.Им имам дадено и мешано од истите например крушка и јабука,морков и батат.Сакам сега да почнам со зеленчук да пробаме вкусови.Матичната ми вика можеш и веќе доручек да им даваш.Ако им давам доручек од вече тие вкусовини се пробани како да пробаме нови.Исто ми кажа веќе може ориз,палента да се дава.Дали тој ден кога ќе им пробам нов вкус да не им давам друго ништо,односно да немаат доручек.Дали одкако ке пробаме повеќе вкусови зеленчук се внесува и ручек.Некако не ми е јасно,а не ми објасна баш.
Кога имаш веќе дадено повеќе намирници, вкус воведуваш така што мешаш во веќе воведните нова намирница. Можеш сега малку просо со банана и крушка пр. Па нареден ден имаш повеќе просо со јаболко и банана. Палента и слива. Палента и јаболко. Кога ќе ги воведеш безглутенските житарки, можеш веќе со доручек...колку една мала тегличка од купечка каша. Ручекот е после еден месец минимум од воведување доручек. Зависи децата колку ќе се заинтересирани за храна. Воведи ги житарките, па после само во кашичките ќе додаваш нов вкус, зошто за да имаат оброк доручек мора житарка да има вклучено.
Фала ти на објаснувањето многу.А зеленчук кога да давам?Само морков и батат компир имаат пробано.Планирам тиквица,компир,брокула,ориз исто.Тие кога даги давам во текот на денот.Дали смее само еднаш дневно да им давам храна сега додека уште ке пробуваме вкусови,или може и двапати,или и тие како ги воведувам во нови вкусови ги мешам и со овошје
Имаш малку зеленчук воведено, воведи им уште тие што си ги испланирала (почекај со брокулата до 7ми), плус пиперка, млад кромид или обичен...можеш и по 2 дена, не мора по 3. Исто мешај со веќе воведен зеленчук, секако тиквицата е бљуткава, пиперка и кромид како би дала ако не размешано со друго... Кога ќе завршиш со воведување на зеленчукот за 10тина дена, почни со оброк доручек како што те советував погоре, паралелно така и ќе им ги воведуваш безглутенските житарки со воведното овошје. И оризот избегнувај го поради арсенот што го содржи, можеш булгур наместо него кога ќе воведеш глутен во 7ми месец.
Фала ти,тоа неми беше јасно ама сега ми разјасни.Јас мислев дека одсабајле може да им дадам овошје што веќе им имам пробано а попладне накај 14,15h например да им дадам тиквица за проба за вкус.
Не, воведи уште некој зеленчук од сабајле (тоа од сабајле е за да не ти пројави алергија за да можеш да реагираш на доктор) и после ќе си почнеш класично со доручек, со што ќе почнеш и житарки безглутенски во доручекот. И нови намирници така, во кашичката додаваш малку од новото, вториот ден повеќе и доста се два дена за намирница. Следно можеш и праска, авокадо, какао за вкус во овошните, маслиново во зеленчуковите. Во овошните ако е некоја покисела можеш јаворов сируп, сируп од урми... Збогатуваат вкус и плус е здраво, посебно сирупот од урми, тој јас најмногу го користев.
Епа тогаш тиквица можам да им дадам денес со морков и батат тоа ние пробано,и утре исто малку повеќе.Фала ти многу на објаснувањево
Па досега нешто пробавме готови кашички тоа што нема во моментов свежо,нешто им варам и им пасирам со пасатор
И со вилушка пасирано пробај, јас од старт со вилушка се пасирав, единствено месо блендирав, а после на мнооогу ситни парчиња го кинев со раце. Готовите нормално, ќе ги даваш како што се, ама ако немаат проблем тие, не ги учи на скроз мазна текстура.
Пиперка со што е најдобро во комбинација да ја дадам? И во табелата за воведување, тестенини се 8-10м. Кога сте дале?
Имаш во Стокомак тарана без јајца, јас таква и давав сеа баш пред некоја недела првпат. 10м сме. А пиперка... + Брокула + оривче... Или морковче + оривче...
Фала ти Пиперката ќе морам со оривче само изгледа, не обожава ни морков, ни брокула, ни карфиол, ништо... И немам баш избор околу ручекот