На пола, ја чистам, ја варам па ја вадам лушпата, после можеш и блв и да ја пасираш за во каша. Можеш и на пареа, уште подобро.
Мајки ние за еден месец ќе почнуваме со вкусови. Може да ми кажете што се ќе ми биде потребно, прибор алатки и слично. Имам пасатор онаков рачен, со тоа планирам да пасирам. Тенџерче треба некое посебно за варење? Или на пареа спремате? Ај упатете ме плис
Јас варам во помалечко тенџерче ново и само за бебе ми служи, за почеток едно тањирче и силиконска лажичка и лигавки обавезно Јас пасирам со електричен сецко и супер иде, а можда може и со рачниот пасатор, не ми текнало да пробам.
Ќе пробам и така со вилушка само.Денес пробаа компир,морков и јаболко,едниот бендиса другиот не толку каснаа околу 10 на лажички.
Земи си мало тенџерче имаш на Металац убави, силиконска или пластична лажичка и тањирче и обична вилушка за пасирање. Друго ништо не ти треба.
Ќе си земеш онакво мало тенџерче, saucepan, и тоа ќе ти биде само за беба. За на пареа можеш да си земеш метална решетка. Јас понекогаш во мултикукерот готвам на пареа. Имаме 5 лажички во едно пакување на бејбилав што се, зошто фрла, паѓаат, и убаво е одма резерва. Тањирчиња стаклени мали ко за кикиритки што се, а можеш било какви. Јас не користам силикон. Само инокс и стакло. Ретко нешто пластично. Изборот е твој. Спојлер: Готвење на пареа
Јас имам апарат што готви на пареа,сум готвела за нас дома тиква,јаболко еднаш пробав пилешко.Што можам да готвам за бебиња на пареа и дали е побезбедно на пареа или варено даси биде.
Можеш све на пареа... Убавото е кога се готви со пареа дека сите витамини и минерали остануваат во храната.а у препорачливо е. Кога вариш во вода ,,истекуваат" витамините па испаруваат.
Електрометал. Моите се за женско бебе, од дада му се секако. Едното е црвено со бели точки, а другото со еднорог ама ги земав пред 3 год.
Јас вакво имам, а и функционалноста му е поголема зошто со една рака го држиш со друга мешаш палента на пример. Вариш зеленчук и горе во мало тањирче одмрзнуваш мевце...
Какво какао давате и со што комбинирате? Треба да уведам а незнам какво да земам и со што да комбинирам а дома имам 282929 ноќни со какао