Не. Јас купив зашто моите тенџериња се големи, најмалото е 2 литри и ми немаше поента да варам пола јаболко во толкаво тенџере.
Кога можам да воведам вечера? 8м сме. Не знам дали му е време. Една другарка ми рече да чекам уште еден месец. Доручек / ручек ми беа воведени во растојание од еден месец.
Вчера му дадов пробно, јадеше, ама после поврати по 15тина минути. Не беше којзнае колку, ама заради тоа не знам дали е спремен за вечера :/
Што зеленчук давате освен компир, батат, морков, брокула, тиквичка на почеток? 6+ сме почнавме со вкусови, повторно. Овој пат сака да јаде.
Јас дадов вечера 1месец после уведен ручек, така беше и со ручекот го уведов еден месец после уведен доручек. Иначе еве ја кашишката со какао. Иначе како го ставаш во банана?? Така наросуваш на пасирана банана или го вариш какаото прво?
Нема видено вакви кашички досега, не знаев ни дека постојат Јас бананата ја блендирам, од прв ден и така ми остана навика и во блендирањето ептен малку на врвот од лажичка ставам какао и наросувам. А со блендирање и полесно се соединува со какаото
Мами, сакам да дадам пилешко и мисиркино месо, до сега теравме само со телешко. Кажете ми, од каде земате и како го спремате?
Пилешко од фармата на Тони, ги има во повеќе месарници низ СК: https://www.facebook.com/share/16KsP6agxd/ Мисиркино ни сама не знам од каде.
Рано ти е за месо. Воведи доручек прво како што треба па после почни со месо. Некаде 7+ ќе ти дојде, на 8 месеци е касно. Најчесто со телешко се почнува. А по бебе готвач не се води освен за идеи за готвење. Јас и ден денес некои рецепти и намази од таму правам.
Бебе готвач не ми е релевантен извор. Се водам според табела од матичниот. Пишува месо од 6-8 месеци. А кога, зависи од потребите на бебо односно како напредува. Доењето веќе не им дава доволно. Јас на 7 месеци точно воведов телешко, па после некое време и пилешко.