Доволно ти се два дена за воведување палента. Терај со друго утре ^^ Едит: ваљда мислиш на овес да им дадеш? Бидејќи палента и пченка е исто...
Да на овес мислев и на ориз.Но моиве бебиња несакаат солени каши воопшто да јадат.Ќе пробаат лажичка,две и им доаѓа да повратат и несакаат уста да отворат воопшто.Незнам како да им комбинирам и со што зада јадат барем по неколку лажички. А овесот како го спремате за бебиња.Јас имам дома овесни снегулки валда може тие или некои други се.
Ориз со варена банана, Крушка со палента Јаболко со овес Битно да им проработи меше.. само воведувај вкусови, кад-тад ќе пројдат. Немораш да им форсираш зеленчук. Мојата ич не беше јадач, еве денес 2 резанци розе домат сама си зема си изеде... Завчера глодаше јагнешки ребра...Овес, палента, ориз никогаш не сакаше. Ја на тепка го правам овесот...некогаш и го блендирав зготвен со се овошје некогаш пред да го варам...
Јас имам и овес зрно дома и овесни снегулки па затоа ти пишав незнаев кое треба,први деца ми се и некако ми дојде збунка све,башка матичната нити ми кажа што и како да им давам и внесувам.
Ааа, снегулки знам дека поише се нуди на бебуши. За мала каша не се ни замарај зрно, језда секако е поздраво.
Мојава не одбива, сака. Цела мала кашичка количина изеде, малку ми е страв, ама ми рекоа по колку сака…
Обично потврда е штом почнувате со храна, не треба да е баш тврда ама нема да е пак како кога биле само на млеко, веќе јадат “нормална” храна па очекувано е да е така
Еве одприлика ние како сме 6:30 Доење 8:30 Доручек 10:30-11:00 Ужинка 13:30 Ручек 16:00 Доење 18:00 Вечера 20:00 Доење за добра ноќ Со тоа што доручек и ручек се околу 200 грама, а вечерата 130-150 грама
Што убаво рано си легнувате Супер ви е распоредот, ние пред 22 не можеме да ја успиеме ... тогаш и пие млеко. Затоа се прашував кога да и давам вечера, некаде читав дека после 19 ч. не се препорачува.
Мајки што имате еден оброк, ако изеде малце од доручекот дали после нудите пак? И дали само моето дете нејќе вода? Значи не знам шо ќе правиме вода ич нејќе да проба. А ако е чај си пие