Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    2.517
    Пол:
    Женски
    Нуди вода со лажичка, чашка од ракија, шприц, клунче... Направи да и е забавно. Чај и сок немаат исто својство како водата
     
    На PoisonIvyFatale и nikja им се допаѓа ова.
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.639
    Допаѓања:
    23.871
    Пол:
    Женски
    Рано е за вкусови, ама да прашам. Бебка во септември ќе биде здравје 5+ м, па тогаш би почнала со вкусови. Дали да замрзнувам нешто од овошје / зеленчук летото или да давам тоа што ќе има есента?

    Синко почна со вкусови во мај знам, и цело лето/еден давав сезонско, ама фати се од овошје и зеленчук тој.
     
  3. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.559
    Допаѓања:
    1.433
    Што најчесто давате за вечера ? нешто едноставно и брзо да се спрема а да не е исто секој ден бидејќи шетаме до касно и штом доаѓаме одма заспива , затоа штом се враќаме нешто набрзина да спремам да јаде па да се бања и ќе заспие
    11 месеци е инаку
     
  4. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.751
    Допаѓања:
    2.673
    И мојот еден близнак вода никако нејќе да пие,секако го нудам нема шанси.
     
    На merriel0 и PoisonIvyFatale им се допаѓа ова.
  5. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Нуди упорно вода, сок нема ни потреба да пијат толку мали. И моево нејќеше вода ич ама после 9 месеци се повеќе и повеќе почна да пие, јас му нудев и додека јаде и се привикна сега пие 1-2 големи шишиња на ден кога како
     
    На PoisonIvyFatale му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Ванилино, медолино, бисквити со млеко, било која од инстант кашите на хипп, ноќните кашички
     
  7. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    268
    Нуди вода, ќе пропие порано или подоцна. И чајчето е ок.
     
    На PoisonIvyFatale му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    268
    Цвеклото како го менаџирате? :Dмногу долго се вари, некако. Има начин да се одржи свежо, а да биде сварено неколку дена?
     
  9. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    9.422
    Ќерка ми е 6 м и една недела скоро. Кашичка од 125 мл ја прави маф. Веќе на крај помачно ја изедува, ама ја јаде. Долго трае процесот, не знае ни да голти салам, повеќе е како кученце со јазикот. И мислев дека ќе и замени оброк, ама гладна е за помалку од саат. И и давам млеко АД 180 мл и тоа цело го испива.
    Уште вкусови пробуваме т.е., почнавме пред недела дена. Ама си јаде...
    Прашањето ми е - колкава количина на каша треба за да се замени оброк? Што имате бебиња на приближна возраст, колку јадат? Не сакам да и го пореметам редов со кашите.
     
  10. nikja

    nikja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    2.751
    Допаѓања:
    2.673
    Денес околу 12 ми јадеа овес со јаболко и изедоа баш добро,овесот денес два дена како го пробуваме,ама го сакаат и го јадат.Дали смеам сега даим дадам пробам спанаќ со компир веќе имаме пробано.Утре сакам ориз да пробаме.Дали грешам..,или да им дадам малку нешто што веќе сме пробале досега
     
  11. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    1.362
    Пол:
    Женски
    Ако веќе имате пробано компир и спанаѓ можеш да дадеш но некако 18ч скоро мислам дека ти е касно за ручек работа ... јас во 18ч давам вечера ручекот го завршувам највеќе до 14ч
     
  12. LeL15

    LeL15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2022
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    За да се рачуна како оброк мора да е покалорично, не само еден зеленчук/овошје. Мора да додадеш житарка, или ручекот да е со некој скроб пример компир и нешто плус за да може оброк да замени и да е сита. Кога ќе воведуваш оброк доручек ќе е житарка со некое овошје, ручекот исто и со месо понатаму.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  13. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    2.517
    Пол:
    Женски
    Цвеклото се вари цело, не на парчиња. Може да ти седи нелупено во фрижидер.

    Чајот не заменува вода. Со самото топлење на водата за да се направи чај се губат минералите кои хидрираат.

    @nikja ќе пропие, лека полека. ^^
     
  14. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    9.422
    Постепено ќе стасаме и до таму. :)
     
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    6.680
    Допаѓања:
    10.961
    Пол:
    Женски
    Педијатарот ми рече 190 кога ќе јаде да замениме тогаш подој. Мојата исто јаде 125, и тоа уште сака, ама ми е страв да не и е премногу па секој ден така и давам, ќе зголемам следнава недела. Што и правиш обично? Ние оризова каша, овесна, сега сакам и гриз да пробам да и дадам. И јас и давам некаде после саат време да цица и мав градава ја прави.
     
    На Elly989 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    12.658
    Пол:
    Женски
    Леле испаѓа те демнам и цитирам :)
    Големава моја така септември почнуваше со вкусови и јас имав мрзнето и компоти правено.
    Јаготки, црешки домашни непрскани само средени и ги мрзнев. Јаболка варена со водичка мрзнев. Кајсии, праски, сливи компот правевме. Мајка ми го правеше некако без и шеќер, ич не ми текнува, ама баш си траеше долго. Исто пиперки, домати домашни од кај свекрва ми си имав замрзнато. Тиквици исто, исецкани на коцки и свежи замрзнати. Тиква е есенско, ама имаат домашна исто, па исчистена и на коцки си ја мрзнев свежа.
     
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    9.539
    Ние здравје од август, да фатам да замрзнувам од сега значи:worried: Може се свежо на помали коцки да не варам? Не знам како би конзервирала без шеќер не ми се занимава па да фати да се расипе.
     
  18. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.291
    Допаѓања:
    10.505
    Пол:
    Женски
    Да се убацам во муабет.
    Веќе една недела само демнам по темиве дека ме фаќа анксиозност за јадењево за ќере оти ич не сум кујна тип, не знам да готвам и не сакам…

    Прашањево ми е, може вака за воведување вкусови? Не е грешка? Јас цело време имав во глава дека мора да е свежо, излупено и сварено/печено? Ако може пример сега кога сум послободна да исецкам разни видови зеленчуци и овошје на коцки па да си вадам парченца за варење како ќе ми притреба за кашичка. Има ли нешто што не е препорачливо да се смрзнува?
     
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    12.658
    Пол:
    Женски
    @Noemi @baguf4e многу просто се правеа компотите, баш ќе ја прашам мајка ми. Дури и по две години што имаше заостанато кога маж ми ги отвори (да не се фрла, маката да не е џабе нели), беа супер.
    Кајсии, праски се грди свежи замрзнати. Јагодите се малку тегави, ама ок се на вкус. Јаболко имаше некоја причина зошто не свежо. Крушка па воопшто во никаква варијанта не може да се замрзне освен компот.
    Црешите и вишните ок се свежи замрзнати.
    Со зеленчук полесно е. Тиквичка свежа на коцки во мали ќесенца колку за еден или два оброка во едно. Пиперки свежи измиени, исчистени од семки ги мрзнев. Домат најчесто излупен и исецкан на ситно во теглички мали го мрзнев. Тиква на крај на сезона исто свежа.
    Цвекло, морков не, тоа има преку цела година.
    Спанаќ, блитва исто измиени, исецкани, во ќесенца поделени ги мрзнев.
    Не ми текнува сега што друго, знам полн ми беше фрижидерот.

    Не е грешка вака воведување вкусови, подобро вака ќе ги дадам работите за кои сум сигурна дека не се прскани, домашни, а не им е сезона. Друга опција е купечка каша секогаш.

    Не се разочарувајте, дете ќе плука сигурно, јас сд оболев со моето мислам, ништо не јадеше на почеток, па после си почна полека. Ама ќе пројаде.
    И почнете со пасирано директно.
     
    На Noemi и baguf4e им се допаѓа ова.
  20. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    2.060
    Пол:
    Женски
    Од кога може да се воведе кашкавал? И каков?