Како воведовте месо и какво? Може ли прво од хипп кашичка да и дадам додека да најдам домашно? Ние уште немаме воведено втор оброк дали може за доручек или треба да сњ има втор оброк за да воведам месо?
Немам мешано јас, пред недела ден почнавме со вкусови. Зеленчук и овошје што има јадено до сега, единечни вкусови цело време. Оризова, овесна каша и слично и немам дадено уште. Ама од следна недела ќе почнам и со тоа, ќе поминат вкусовите.
Јас ден денес пилешко само на Холи кашичка и давам. Има чисто пилешко и за два дена ми е топ. Телешко од месарница Андреа. Јарешко сега и воведов на 10м.
Да си замрзнеш. Јас лани летото замрзнав, ноември почнавме со вкусови. Уште си јаде од тоа. Летово како за беља ништо ќе немаме освен цреши. Се измрзна.
Јас ги земам онлајн од Зегин, ама мислам само кај нив ги има оти тие се увозници. Може сум грешка, не знам.
Вишни имав домашни смрзнати, уште на 7м и дадов. Цреши сеуште не сум дала. А јагоди имам дадено само преку каша пред скоро. 10м сме
Јагоди денес преку каша, 11 месеци е. Вишни со полни 7. Цреши сега ќе дадам уште некој ден кога ќе се зрели.
Јагоди оваа недела дадов. 10 месеци полни наредна недела. Домашни, непрскани. Чекам и црешите кога ке бидат да дадам од нив.
Бебе прв пат не се искака од кога е родена, со вкусови сме. Гледам и каката и се менува, верувам дека е нормално, ама не сакам да се мачи. Што давате обично од овошје, да ја протера?