И јас мислев дека моја беба надохнадува навечер зошто преку ден не јаде убаво, но едноставно нема везе. Имаше денови коа и нудев 3 оброци па се нервираше, сега еден ама вреден и давам, имаше денови ја ставав на града и коа ќе стане од спиење и пред спиење, па пак се будеше минимум 4 пати. Се будат навечер зошто се бебиња, а и не е секое бебе по книга. Додуше мислам поише по книга е да се буди него да преспива. Башка млекото е многу покалорично во текот на ноќта. И ние сеуште имаме 3 дремки. Глеј лесна вечера да и даваш и немаш фрка.
Мајки предложете ми садови, мали кои имаат функција како термос, за да ставам храна за носење, постојат ли такви? И колку би стоела зготвена храна на собна температура?
Ај уште ова додека сум тука, бејби биф колку време го варите количина 50 г? И дали од водата што се варела ставате за блендирање?
Купувам 500 гр месо. Го варам, замрзнувам во теглички по 50 гр. по препорака на членка тука. 2ч. се вари нема смисла по 50 гр.да вариш нон стоп.
Јас ја давам варена, баш убаво разводнува на пример комбинација со компир, месо итн. Али пробај како сака бебо така давај.
Два часа? Ама нема наднаш цело, 50 гр читам дека максимум е пола саат за бејби биф, затоа прашав. А во какви теглички замрзнуваш, јас кесички земав. Како го одмрзнуваш, дали на собна па загреваш?
Како 2 часа, дали пола саат/40мин на тивко варам ако е 50гр. И јас тоа со варење па замрзнување не го практикувам, не ми е логично. Ниту за нас, а па за неа ич. Кога планирам ручек со месо, вадам на собна, дојде време за варење, ставам вода и варам па додавам што мислам плус. После блендав и додавав ако е густо од водичката каде што се варело. Ова пред брзо беше, кога јадеше како каша.
Мене па ми нема логика преку еден ден да варам месо, небитно дали е 40 мин или 2 ч го купувам, сечкам, варам, замрзнувам со водичката во која се вари. Кога треба да дадам месо го одмрзнувам и додавам на ориз, компир што и да е додатокот што го варам. Секако, кој како смета дека му одговара и како стои со време нека си прави Реков 2ч. ако се работи за поголема количина на месо, дека не знам дали помалку од 400- 500 гр. би купила. Иначе во теглички од кашички празни го пакувам.
Аа затоа ли вака праите, за заштеда на време? Ако, јас имам време и вака си правам. Си сакам свежо подготвено. Секој со своето нека си тера.