За да грицка само ваљда мислиш на корче? Пошто моето јаде мали залчиња од средината. Може и корката да ја јаде ама подолго ја топи во уста. Му кинам мали залчиња од средина и ставам пред него си ги чмата сам. Или му мацкам од нешто...
Блитвата можеш со компир, оризот со некој зеленчук друг ако си дала или можеш ориз со овошје. Вкусно е. Дури воведеш вака, после давај си комбинации како што си јадете вие.
Па на почеток рижолино или на Хип. Сега готвам од нашиот. За со овошје попрактични ти се инстант, веднаш бива готов и ставаш овошје и толку. Дури фатиш ритам кога јаде детето, зошто нашиот треба 30 минути да го вариш.
На големиот палента давав со јаболко, круша на почетокот исто поради тоа што немав воведено уште млечни. После заменив, палента до рендано јајце и кисело млеко давав на пример. Или палента со сирење.
Со овошје, тоа што имаш воведено. Само со банана не сум давала, инаку јаболко, круша, слива, кајсија.
Си викам да не му смета на мешето од тоа средината, ама немал мака до сега. А за корката еднаш му скршив некако помало парче и цело го стави во уста. За тоа си во право, подобро да е покруто. Да тој. Јас тогаш давав или ако имам донашно или готова каша органска на Нутрино или Хип. Оризот со топла вода го правиш и после додаваш овошје. Вкусно е. Што и да ставиш е во ред, оризот е неутрален. Кајсија, јаболко, круша, се одг.
Сите житарки на почеток со овошје ги мешаш. Сега како не ми идат идеи, а на почеток само нешто миксав. само со банан не идат.