Ааа @Lady Miami не си давала варена банана на бебо ти, и ориз и житарки со банана баш вкусно е.. гледаш со мојава нејадач дури до кај сме стигнале... Свежа банана се гадеше, само варена сака... Дадов денес лепче срединка. И печев лепчиња со јајце и така на мали парченца, баш крајчето тегаво беше не и го дадов.
Ха ха, од газе да и каснам, таа има истенчен вкус. Варена банана не ми текнало, ама оваа во кашички купечки таква ке да е. Денеска ужина со овошје теравме заедно, г-динот мој сака да грицка, не сака изгмечено па на лажиче. Тенки парченца мали јаболко сецкани, а банана да гризе од неа. На лажиче не сакаше. Карактери од мали нозе.
Аии и вие така а... Све мислам не и се допаѓаат лажичките... Како го исече јаболчето? На лентички? Моја беба од уста све ќе ми земе, ама онака сама... Тешко... Инаку да, у каши купечки бананата е варена. Бомбици од потпечена хељда и банана варена ни се хит у последно време... Преееедобро комбо. @gwenst
Почнавме со јаболко крај 5 ти месец, но не сакаше да јаде. Потоа 6+ почнав со компир, морков и тиквица. Од секое и давав по 3 дена. Дали треба да продолжам да и воведувам од сите на листата по 3 дена или може веќе да комбинирам и да и давам оброк ?
Мами, краставица и патлиџан како дадовте? И за белка од јајце исто ме интересира. Ближиме полни 11 и ова немам дадено а сакам да дадам.
Белка дадов преку палачинки,кифла… Краставица не пројаде никогаш мојата а домат варен со лукче,тиквичка,магданос и како сос и правев за на тестенини.
Домат уште не сум дала. Чекам да најдам ако најдам домашен. Краставица на мојава и сецкам и си џвака. За белка тука побарав совет. Како рендана, како кајгана може.