Краставица сеуште не сум дала. Патлиџан дадов рендан со тарана, потоа од убаво стасан розе голем домат резанци, обожава. Белката, неколку пати од мојата кајгана и давав, и после 3-4 пати пробување и направив нејзина кајгана.
И јас сега се мислев со што да ја комбинирам и најдов со авокадо само незнам по колку се става, јас направив за еден појадок не 2 3 лажици дали е во ред?
Мајки откако ќе испробаме вкусови треба да воведам доручек или ручек? Бебе е 6 месеци. Колку мл вода давате дневно? На комбинирано е бебе, цицање и ад. Дали давате сокче и кога?
Како прв оброк доручек да воведеш. Вода јас нудев после секој оброк, колку пие толку, на почетокот може и да не ти пие толку, ама кога ќе почне повеќе да јаде ќе почне и вода да пие. Сок никаков уште не сум дала, има 15 месеци.
Јас му ставам по 20-30 мл вода во шише и гледам сака, па затоа не знам колку. За сокче и јас не сум баш за, мислев од јаболка понатака дали да дадам, ама најверојатно нема. Доручек во колку часот давате? После цицање одма или?
Некаде еден саат после станување, дека цицнува кога станува, најчесто стануваме околу 8, доручекот ни се фаќа околу 9. Ако цица убаво не е гладна одма, затоа да помине малку време. За водата мислам горе доле доволно е толку, јас нудев и давав колку ќе испие толку. @Elly989 црвена леќа дадов така околу 8 ипол месеци кога беше, а боранија околу 9 кога дадов и грашок.
Јачмен и 'рж едно по едно се воведува како и останатите? Гледам има комбинирани житарки па затоа се мислам. И лебче какво давате? Пробав да му дадам од цело зрно пченица на пекара Диме со чист состав ама некако се дави.
6++ сме што друго смеам да пробаме зеленчук и овошје за овие месеци.Некако све едно исто им вртам во круг.Вакцина наредна недела ке ги носам па да пробаме уште нешто.Јогурт и павлака од колку месеци може
Со полни 7 млечни дадов. Од овошје цреши и вишни се со полни 7, вишни имав замрзнати, црешо проба пред некој ден, 11+ е.
Доручек околу 8, стануваме во 7. Вода слабо пие, до пред месец дена скоро па ич. Сокче давав од тие на Хип растворено со вода, божем така да пие, ама и тоа почна да одбива. Одамна не сум дала.