Истава ја земав и уште немам дадено. Не знам дали мајкиве за оваа урда зборуваат или има друга со мал процент на сол. Нека пишат.
После сите мои истражувања на тема урда, сите содржат барем мал % на сол, освен ако не купиш рефус од продавничките на з.пазар (јас давам таква). Најдов и една млекарница Малеш, позади Лиса (ако си од СК) и таму продаваат.
А млекце пие? Те читам во другата тема дека одлично си ручка. Ако не пие баш вода како се хидрира? На иста мака сум затоа си барам чаре
Кога сака Еве денес ми ја турка раката цел ден. Млеко некогаш меѓу ручек и вечера. Инаку, пие ноќе. Пример вечера во 7. Ќе заспие, во 10 млеко, па накај 1/2, па 4ипол/5 сабајле.
Не знам Јас ставам така повеќе во каша каде можам, ама па не можам чорба да ја правам. Ете сега изеде цела тегличка шпагети болоњезе, 2 голтки и толку.
Моево ич не пиеше, борба водевме. Последниве 3 дена сам го бара шишето и ептен убаво си пие. Самото му дојде, сигурно е жеден.
9м сме јаде цврста храна,да прашам дали смеам да му давам се од зеленчук и предложете некои комбинации за кашички