Мајки ние воведовме ручек месна каша но не ја јаде цела 1/3 јаде и ми стое најадена. Сега сакам јас да почнам дома да и варам месо, кажете ми по колку месо треба да сварам и колку пати се дава во неделата, и дали ако сварам повеќе може да замрзнам?
И мене ме интересира за месото.. Педијатарот рече водата што се вари прво па еден ден посен па малку месо па пак посен, ама до која грамажа вкупно месо не знам.. 30грама? И јогурт кисело млеко урда , како ги воведовте по 3 дена секое или? Пауза измеѓу треба?
Бебево си јаде, воведов доручек, ама не е фан на зеленчук нешто ако не ставам овошје во него… само ја ли ќе правам ручек со зеленчук и плус овошје?
Toa bese preporakata den meso pa posen pa meso.. 2 nedeli taka Zatoa prasuvam dali i drugi taka voveduvale
Вишни и капини со полни 7 му дадов, имав замрзнати. Инаку и цреши се со полни 7, ама сега проба на 11. Малини во некоја готова каша дадов, немам инакви, мислам со 10 полни. А точно капини и малини не знам од кога се.
Доручек дали стриктно даваш житарица со овошје.Зеленчук и моиве не сакаат,ама денес им направив батат,јаволко и тиквица и јадеа,не количински ама тоа што го направив го изедоа.Моиве сеуште не јадат количина да им заменам млеко како оброк.Им треба повеќе време,башка и тврдастолица сега имаат од промената и од храната
Па со житарка да, овес, оризова, пробав палента не сакаше, сега од 7 глеам може павлака и кисело млеко, па ќе пробам со тоа. Дека некако не ми се дава цело време исто, сега може и глутен, па ќе сменам малку житарки. Ама јаде мојава, цела каша ја јаде од 190гр. Мене ме плаши што не сака зеленчук, со овошка ако измешам јаде гајле нема.. ама не ми иде така да мешам цело време.
Имам ми донесоа кашички на подарок сите различни некои со малини,цреши црна рибизла сите различни ама ќе им ги давам покасно ништо не им е сега да си стојат
Дали може за доручек да им дадам батат,слива и јаболко наместо житарица.Едниот мисе нафрла цело време мислев од праска и морков,ама сега веќе што и да му дадам се нафрла.Ќе почекам да му се смири лицето и со него од почеток ќе треба да почнам
Кромид кога воведовте го измешавте со повеќе зеленчуци, и дента како дадовте? Исто неколку лажички? Пошо не можам само кромид да дадам.