Дали треба за воведување ориз, палента, просо итн. да се пробува 3 дена? Сакам да и воведам ручек денес, па планирав ориз со зеленчук што има пробано...
Како ви засакаа зеленчук? Вчера што фино и спремив, абе уста не отвори… се фрлив.. ако не измешам со овошје не сака. До кога да мешам така…
И јас мешам со овошје, еве сабајле ориз спанаќ и морков почна да плаче морав банана да ставам за да го јаде. Единствено јаде компир или сладок компир во комбинација со зеленчук и така и давам не знам што ќе се прави
И така не сака, вчера со сладок компир беше комбинацијата и џабе уста не отвори, се морам овошје да ставам… а со месо?
Првиот месец додека пробував храна со детенцето, а почнав на 6+ со вкусови, УСТА НЕ ОТВАРАШЕ. Едноставно ништо не сакаше, првите денови па ич, ама полека полека без да приметам си пројадуваше од се по нешто и сега јаде СЕ! Има периоди како и секое дете да одбие јадење и на 3 години да не му се јаде манџата или менува некогаш одбива тост, некогаш се прејадува. Ама почетокот не му беше ветувачки, јас се исплашив, имаше и тој фаворити и месо со молење па може до 2 години и нешто, сеа е полесно да го излажам
Па не се сите деца јадачи. Јас во депресија ќе паднев, дете несака да јаде. Само млеко и 3-4 лажички. Еве ја сега јаде и тоа јаде парчиња храна. Манџи и секоја храна дома за нас, ја готвам прилагодена за неа, па ние си дотураме зачини во нашите тањири. Вчера мусака и рендана краставица со павлака, се налапа за мерак. Денес имавме грав ние, за неа домашна супа со зеленчук плус краставичка со павлака после тоа си изеде. Ама се ова вака почна пред еден месец негде. А сега е 9 м. Не се нервирај, ќе си пројаде.