А зошто страв? Ако јаде бисквити значи знае да џвака. Давај таму мајка нека си јаде дете. Мојов е 1 год точно, одамна јаде парчиња, прво што проба памтам беше лепче и омлет. Сега веќе се јаде како нас.
Искрено не е воодушевена, плука, се лигави, па ќе кивне и ќе распрска наоколу, се смее. Ама ете на компирот му го удри меракот и цело тањирче го изеде. Инаку и давам по 40-50 грама на ден. Вие со што почнавте?
Мајки задутре полниме 7 месеци.Сакам да дадам млечни производи,што прво да дадам павлака или грчки јогурт,и од кои вие давате.Прочитав некаде и урда таа ос кога да дадам
За недела/две ќе почнеме со вкусови. Да ми кажете колку време може да стои во фрижидер ако направам дупла доза? Исто и отворена кашичка колку време може да стои?
Со морков, уште го шета низ уста не знае што треба да прави и кога ќе и дојде до грло ќе голтне. Исто плука пола и се лигави. По колку дена и даваш од вкус?
3 дена еден ист вкус и давам. Морков немам дадено ама од другарка што има две недели поголемо бебе од моето исто ми кажа дека не и го сака воопшто морковот чист, а мешан со јаболко да.
Може,јас така правам зошто ми испаѓа повеќе и му давам друг ден некад и 3 ден ке ја изеде,нема проблем
Мајки, од утре почнуваме со оваа тешка филозофија за мене Не знам зашто ама многу комплицирано ми делува. Бевме денес на педијатар ми даде насоки ама пак да прашам. За овошје ми рече да и земам кашички готови за прво пробување а за зеленчук да правам сама. Кои се добри кашички, хип, холе, од дм? На почетокот ми рече да давам по 4,5 лажички наутро и попладне, минимум саат ипол после млекото. После кашичката да давам млеко ама не одма туку после еден саат. Дали само тие 5 овошки што се на табелата се пробуваат? Милион прашања имам, ќе давам малце во темава.. Со какво шишенце да понудам вода, можам со било какво?
Со едно млечно си ги вовела сите млечни, едино можеш посебно кравјо посебно козјо/овчо ама ја така немам воведувано. Урда без додадена сол барај, од Кам мислам една Хомоље имаше и бебе урда од Млеко од нашата фарма. Пишува на кашичките колку може да стојат отворени ама да даваш од посебно чинивче, не од теглата. За домашно направени ваљда до еден ден, не би давала јас повеќе стојани. И мене ми беше тешка филозофија а е проста работа само ние ја комплицираме. Ако одиш со фаза пробување вкусови - даваш измеѓу оброци некое лажиче колку да се запознае со вкусот и алергенот, најубаво од сабајле за да видиш до вечер дали ќе има реакција. Два три дена од едно. Од овошки/зеленчуци јас се водев дали има нешто сезонски да дадам, пример иако можеше да се дадат патлиџани, цреши во х месец, ако им идеше за брзо сезона ги давав тогаш. Кашички да, тие што си ги пишала, од дм само био давав на почеток, не бејбилав. Вода со лажиче, од чавче мало му давав на почеток да пие, после зедов од онаа некапечка чаша и од таква пиеше цело време.
Таа од кам и ние ја јадеме дома,ми беше прашан Таа од кам и ние ја јадеме дома,ми беше со што прво да почнам.Дали одкако ќе дадам млечни смеам малце млекце да ставам во компир кога правам кашичка. И каде има табела и каде гледате кога и како смеам да пробивам вкусови.Ми е глупо веќе само тука да досаѓам
Ја по оваа се водев. Од млечни мислам прво кисело млеко дека дадов и после си давав јогурт, урда, моцарела. Едино павлака дадов покасно дека има повеќе масти.
Па не, пресно млеко не се препорачува дека до година бебињата се или на цицање или ад. А и после година нема некој бенефит, ако бебето си јаде други млечни продукти. За во каши сум редела пример, гриз со млеко сум правела, ама за пиење не. За месо педијатар ќе ви каже насоки кога, обично кога се воведува втор оброк.