Па како што ти јаде бебето. Јас пасирав прво и ми одбиваше храна, па пробав блендирано и така си јадеше. Мада варена крушка е мека многу и со вилушка само да ја згмечиш ко блендирана се прави.
Јас не давам 2 пати, еднаш давам на ден по 50-60 грама, најдобро ми е околу еден саат после прва дремка, а 30-45 минути пред да пие млеко. Лична преференца е ама јас почнав прво со зеленчук, па после ќе давам овошје. Се водам според табелата што е тука постирана. Досега имам дадено тиквичка, батат и компир. Еден вкус го давам 3 дена, чист вкус, не мешам. За органско да било не се замарам, купувам од намирници од пазар или од веро и од тие давам. Исто планирам и за овошје. Готови каши може да дадам ако нешто не можам да најдам или е прескапо свежо, ама ова пак прави си како што ти кажал педијатарот, мене не ми кажа вака мојава па затоа. Досега сѐ варам и блендирам со водичката што се варело со рачен блендер, освен денес компирче и изблендав со 15мл формула и многу и се допадна. Верувај, од човек што не готви воопшто, ич не е филозофија делот на давање вкусови. Поголема филозофија мене ми е кога ќе треба да се формира ред на доручек, ручек и вечера.
За тоа прашував за пресно млеко,за во пире или за во кашички не за пиење.Ние веќе ќе полниме 7 месеци и веќе ќе им воведам 2 оброк ручек
Моево беше на Ад цело време. Јас и кашички и гриз и се останато правев со Ад. Со тоа што пример гриз го варев со вода и кога беше веќе готов ставав малку АД колку за вкус. Некои 30мл, може и помалку. Пред да тргне во градинка и дадов кравјо во каша да проба, а си продолжи да пие адаптирано.
Мојава докторка вика 1.5 саат после доење да и дадам. Е сега на мојава и доаѓа тогаш време за дремка, па да спие одма после кашичката може да е проблем? Ќе пробаме си јаболка прво
Мене ми се фаќа околу 2 часа после првото утринско млекце слично како со доење ќе го рачунам, па после 30-45 минути пие пак млеко па заспива за втора дремка околу 1 час од кашичката. Подобро ти е да е малку будна после вкус да ја пратиш да не развие алергија. Истемпирај ја некако вака. Како ви е редот со цицање и дремки од сабајле?
Јас одвај чекав да почнеме со каши ама како што се наближуваше времето не мислев веќе така и мене полна да ми се чини како тешка филозофија хаха Вчера почнавме и кујната ја направив хаос а се работеше за пола морков. Денес бев поорганизирана хаха И јас ќе давам прво зеленчук па овошје дома приготвени освен по потреба купечки. Вода овие два дена и давав со лажичка, а од утре ќе почнам во мало шише со цуцла. Си викам што беше лесно само со млекото до сега хаха
Во врска со времето и мене ме советуваа саат и пол до два пред да пие млеко и после значи негде во средина помеѓу две млека.
Па не знам секогаш различно ама отприлика 7 станува, цица, и веќе во 15 до 9 е заспана.. ако не да и дадам да проба после првата дремка, и после пробување пола саат да и дадам пак да цица? Мојата уште нема голем прозор на будност а првиот и е најкраток ама во принцип на 2 саати е веќе заспана. Некои денови има 3, некои 4 дремки.
Најубаво да и дадеш да проба после прва дремка. Во принцип кажуваат да биде извесно време после цицање/ад за да биде попразно желудничето и гладничко бебето за да може да проба (според моја логика ова).
Земав бејби биф повеќе, го сварив и сега планирам во теглички од каша да ги замрзнам. Во што замрзнувате?
Да, еве и мојава спие па го варам компирот да биде спремен. Јас и давам млеко околу пола саат-45 минути после вкус.
Ај и ова. Можам во кесиве за млеко што ми се да замрзнам месо? Ми фали тегличка… немам друго во што да ставам. Или можам во тегла да го почувам до утре месово?