7++ сме. Имаме доручек, полека воведувам и ручек. Ме интересира колку подои ви имаат бебињата со воведен ручек и доручек? Значи за преку ден зборам, навечер спие, не станува за цицање.
7:00 - доење 10:00- доручек 13:00- доење 15:30- ручек 18:00- доење 20:00 или 21:00 зависи кога ќе легне заспива со доење Така изгледа нашиот распоред отприлика Секако доените деца може поскоро да бараат цицање ќе си даваш на захтев
Јас давам од чаша обична, на почетокот додека се научи да пие мљацкаше повеќе како кутре, многу беше смешна. @Feniksgirl мојава цицаше еднаш сабајле пред доручек, измеѓу доручек и ручек еднаш и ми се чини уште два-три пати до вечерта од кои сега ни остана само тоа цицање пред спиење.
Значи од прилика 4-5 пати. Ние така 4 пати, некогаш 5, малку ми е страв да не ми се намали млекото, не за друго не ми прифаќа никакво ад, не знам што ќе правам ако снемам… Гледам и градиве поинакви се.
4 пати толку е и нормално е да се намалува млекото бидејќи подоите се намалени. Не можеш да снемаш млеко колку цица бебе толку ќе имаш лактацијата е веќе воспоставена Е само мојата станува ноќе на 2 саата пск страв ми е да не не е најадена во текот на денот
Не е до тоа. Баш гледав кај dr.Goodnight на инста дека после 6 месеци станувањата навечер се или заби или скок или навика, ништо друго не е. Ако не е ништо од првите две навика им е.
Не можеш да снемаш млеко, не се грижи, еве мојава сега цица само пред дремка и навечер пред спиење, некогаш кога дремката и е надвор, само еднаш пред спиење, ама гледам дека активно голта, убаво си цица. Само се прилагодува количината према побарувачката. Инаку исто и мојава ниту ад прифати, ниту шише ни па цуцла, исклучиво на цице е.
И моето од крај не станува за цицање ( освен апла новороденче коа беше ), сега сме скоро 11 имаме 4 подои и 3 оброка. Не се намалува млеко, напротив дури мислам повеќе имам иако кратко цица, ефективно ги празни. Приметувам по 10 мочани пелени у ден фул, вода не ми пие, едвај 30мл и има навика после речиси секој подој да бљуцне само млеко, без храна парчиња..што значи вишок е. Јас дадов сега, на скоро 11м.
Уфф мојава нема толку. Од кога затопли не моча исто, ама затоа почна да се поти. Ама 10 полни, тоа тешко. 5-6 така сме.Ме фаќаше паника, не знаев на педијатар океј беше. Сега ќе видам следно, се надевам ќе посака вода барем.
5-6 мочани обавезно, +3 со каки и малце мочки стасуваме до 9-10 Ама он од мал така ми моча.. За потење, се поти коа е апла активен кога скока рипа..ама не да е жива вода, онака мокро челото.. Топло е мн треба да внимаваме, јас имам трауми од дешавка на дехидратација од на тетка ми малата
Се трудам, ама еве не сака и не сака. Ни ад не прифаќа, ни чај, ни сок, ни вода. Стварно ја прејадувам што е лошо, од што само ја бесам на града. Вака си полни пелени, ама не моча како што мочкаше до пред да затопли. И кај мојата така беше како кај тебе, премногу мочаше. Еднаш измерив пелена мокра 320грама беше.