Најважно е мочката да не е кафена/темно жолта и да не смрди. Односно, да нема мирис на ацетон или нешто јако. Тогаш веќе станува збор за дехидрација. Така педијатар ме советуваше..штом нема ништо такво не се секирај, вишокот вода си го исфрла и преку пот и преку каки..
Колку е тоа кратко цицање? Моево не цица подолго од 3 мин од града, а не ни бара да јаде 2 ч.после тоа.
Исто..цица 2-4 мин, оброк давам за 3ч. Се нацицува чим не е гладен и чим е мочан до гуша плус се осеќа колку силно влечат..како со цефка коа шмукаш последното од чаша
Зборев и со братучедка на мм, истата ситуација и кај неа.. вика да не ми речеше сеа ти, јас по лекари ќе ја носев. Многу се потела, малку мочкала. Од вчера успевам да и давам повеќе течности, пак нема голема разлика во мочкиве. А цица 3х во ден, навечер 2-4 пати. 3 пати јаде каша во која нели има и вода, течност. 220-250г се кашите. Ама жива вода е од глава до пети, особено навечер... мокра во коса, раце, нозе се живо и е мокро и дека не е ни топло дома, се прави ко со ладна пот и цела е леплива Кака 2,3 пати у ден башка. Весела е, активна, не седи во дубак, не седи во игрална, шетаме низ цел спрат по цел ден... струја е, ухода лазење ептен. Секунди да се свртам, готово ја нема неа И ете ти кај се течностите... Мене и првото вака не ми сакаше вода и почна асално да пие после 12м кога му воведов сол После тоа и навечер ми бараше вода, ми текнува зошто имаше ептен смешно барање за вода... хрчеше со уста за вода и го слушавме навечер хр хр хр хр и тоа значеше дај водичка Твојата има заби што ги вади у моментот? Јас мислам и тие дека огромен склет и прават, опасно надувани се горните кецови... едниот веќе избива, дури од денес има крвава точка Долниот прв кец исто со страшно препотување го извади... вториот кец доле и едната двојка така така, не беше страшно. Иначе успешно пие од чашката на Нук, ама кога сака .. На секое и ја нудам и чат-пат ќе ја земе, чат-пат не не не мафта со глава...
Не знам бе со забиве, се лигави еден тон, се пука во уста, корне уши, кенка, се чеша а јас вака ништо различно не гледам. Кога ја чешкам со прст ужива. Ама пак исто, сува пелена. Кака, моча преку ден нормално, весела превесела е. Не знам, како затопли она не моча навечер. Еден ден кога врнеше, само тогаш освежи и она се разбуди со полу мокра, ама не беше запотена толку. Да се едитирам, имаме заб сега случајно ја проверив, пробил хахахха.
Здраво, ќе тргнам на работа за 20тина дена, и сакав да воведам адаптирано за да има млеко штом не сум тука да му дадат (само на цицање е од раѓање) е сега проблемот е што никако неќе да пие. Кога пиев јас кравјо го застрви и му понудив и си пивна малце и како да го бендиса, така сега демек јас пијам АД пробувам да го залажам но тоа никако не го засакува. Еднаш се напи и се згрози и престана. Има 8++ дали смеам кравјо да му давам од сега по 150мл на ден на пример? Не планирам цицањето да го заменам, само да има опција за дури сум на работа оти некогаш јаде повеќе а некогаш прибира. Имаме 2 оброци и ужинка и се обидувам трет да внесам, кога успева кога не. Што мислите? Неможам да се молзам од одредени причини затоа барам друга опција. Пишав и во друга тема но не добив мислење.
Исти сме? Ние сме 7++ не сака за жива глава, јас за два месеци треба да почнам на работа, не знам што ќе правам. Некако прерано ми е за кравјо, ама тоа ќе биде решението најверојатно. Прво се дава разредено. Ќе видам со педијатар, зашто и јас сакам да ја одбијам.
Па не се препорачува ама на моја пријателка внукаи и дале од 7 кравјо пие а сега еве година има, штом нема друго чаре едино тоа останува (педијатар им објаснал како да разредат уште тогаш). Сепак нема да е замена за мајчино, само едно млеко би заменало, изгледа само тоа останува како опција.
На лето не е препорачливо да се одбива бебче од цицање, ама ти си ги знаеш причините.Моите сите 3 пораснаа без тетрапак млеко.Не им дадов да пијат никогаш.Ништо не им фали.Исто на раб одев, си јадеше 2 оброка.После раб надокнадуваше со цицање.Не сум фан на тетрапак млеко ама ич.Подобро никакво отколку тетрапак.